Решид Мехмед-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Решид Мехмед-паша— истакнат османлиски државник и генерал кој се издигнал на позицијата Голем везир во првата половина на XIX век, и имал важна улога во Грчката војна за независност.[1]

Младост[уреди | уреди извор]

Решид Мехмед бил роден во Грузија, како син на православен свештеник со грчко потекло. Како дете бил заробен и поробен од турците, и му бил доделен во служба на тогашниот Капудан-паша Хусрев-паша. Неговата интелегенција и способности го восхитиле неговиот господар, со што обезбедил брз раст. На само 29 година, тој бил назначен за управник на Ќутахија.

Во 1820 година,бил испратен од султанот Махмуд II, заедно со други паши да го сузбијат бунтот на Али-паша Јанински во Јанина. Во истиот период, грците спремале друго востание, кое избило во март 1821 година. Па така по поразот и смртта на Али-паша Јанинаски во 1822 година, тој требало да помогне во походот проти грците.

Дејства во Епир – прва опсада на Месолонги[уреди | уреди извор]

Бидејќи бил назначен за главен командант на османлиските сили во Епир, тој започнал да маршира кон југ, за да ги пресретне грчките сили под водство на Александрос Маврокордатос, кои дејствувале во Арта. Тој им нанел тежок пораз во Битката кај Пета, на 4 јули 1822, и продолжил кон југ, стратешки важниот град Месолонги. Таму бил пресретнат од Омер Вриони, и заедно со армија од 8.000 луѓе го опсадиле градот во период од два месеци, од 25 октомври до 31 декември 1822. Омер Вриона наспроти Решид Мехмед, првично се обидел да го завземе градот со преговори што грците го искористиле во своја корист одолговлекувајќи ги се до 8 ноември, кога добиле засилување од море, по што одбиле да преговараат. Опсадата започнала веднаш, и пашите се договориле да го започнат главниот напад во ноќта за време на Божиќ, 24 декември, сметејќи дека грците ќе бидат изненадени. Планот бил пренесен до бранителите и нападот пропаднал. Шест дена подоцна опсадата била подигната.

Дејства во Тесалија[уреди | уреди извор]

По неуспехот во Месолонги, Решид своите дејства ги продолжил во планинската област Магнезија, која успеал да ја покори. За овој свој успех,бил прогласен за управник на Трикала, и конечно бил назначен за командант на сите османлсики сили во Румелија.

Трета опсада на Месолонги[уреди | уреди извор]

Од својата нова позиција му била доделена задача да го завземе Месолонги и со тоа да ја покори западна Грција. Решид собрал армија од 35.000 војници и тргнал во поход кон Месолонги во февруари 1852 година. Кога пристигнал на 20 април започнал со ископи и го подложил градот на тешко артилерсико бомбардирање. Сепак, и покрај сите напори, грчкиот гарнизон, потпомогнат од грабежите на бандите зад фронтот и снабдувањето од грчката морнарица, покрај турската поморска блокада успешно ги одбивале нападите. НА крајот, бил присилен да побара помош од Ибрахим-паша Египетски, чија војска била успешна во борбите со грчките сили во Мореја. Египетските сили пристигнале на почетокот на ноември, откако се случило разидување меѓу Ибрахим и Решид, Решид ги повлекол своите војски. Откако и египќаните не успеале во нападите, IИбрахим ја признал својата грешка. Двајцата паши соработувајќи, ја засилиле опсадата. Поморската рута за снабдување на бранителите била пресечена,со што на градот му се заканувало гладување. Конечно, тие очајнички се обиделе да се пробијат низ опсадните сили во ноќта на 10 април 1826 годна, што довело до тоа бранителите да бидат масакрирани и Месалонги потпаднал под османлиско владение.

Дејства на Атика[уреди | уреди извор]

По својот успех, Решид Мехмед се упатил кон Атика и Атина, каде пристигнал во јули. Тој неуспешно го опседнал во наредните десет месеци грчкиот гаризон сместен во Акрополис, се до неочекуваната победа над грчките снабдителни сили при Битката кај Фалерон на 24 април 1827 година со што грчките сили ја предале тврдината.

По грчкото востание[уреди | уреди извор]

Како одликуван генерал, Решид се борел и во Руско-Турската војна, каде бил поразен од генералот Дибич во Битката кај Кулевича. Последователно, тој бил назначен за Голем везир, позиција на која останал од јануари 1829 година до 17 февруари 1833 година. Од ова својство, тој ги потиснал албанските бегови и ги повел осанлиските војски во Анадолија во Османлиско-египетската војна. Тој бил заробен од силите на неговиот стар противник, Ибрахим-паша, во одлучувачката Битка кај Конија во 1832 година. Бил назначен за главен командант на анадолските сили, тој тргнал во поход против Курдите, и починал во Сивас во 1839 година.

Походи во Босна[уреди | уреди извор]

Босанскиот капитанија предводена од Хусеин Градашчевиќ збеснале кога султанот Махмуд II и доделил на новата автономна држава Србија шест босански области со потпишувањето на Одринскиот договор. Хусеин Градашчевиќ веќе започнал со поддршка на расчинетите јаничари по Распуштањето на Јаничарскиот корпус и нема да му дозволат на султанот Махмуд II понатамошно да ги раздава босанските територии.

Наместо да преговара со Хусеин Градашчевиќ, Големиот везир Решид (кој веќе бил во поход против албанските паши и бегови) mги мобилизирал војските и се упатил кон Травник. Разочарани од потегот на Големиот везир Хусеин Градашчевиќ тзапочнал марш со армија од 52.000 кон Приштина. Подоцна Хусеин Градашчевиќ се борел и го поразил Решид кај Штимле.

Босанска делегација пристигнала во кампот на Големиот везир во Скопје во ноември истата година. Големиот везир и ветил на делегацијата дека ќе се заложи за барањата на бошњаците пред султанот. Неговите вистинити намери, сепак се покажале во декември кога со топовите ги нападнал босанските војски сместени во близина на Нови Пазар. Решид подоцна започнал агресивен поход во Босна со помош на бунтовничкиот капетан Али-паша Ризванбеговиќ и ја поразил целата босанска војска предводена од Хусеин Градашчевиќ во околината на Ступ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971 (Turkish)
Претходник
Топал Изет Мехмед-паша
Голем везир
28 јануари 1829 - 18 февруарии 1833
Наследник
Мехмед Емин Рауф-паша