Хусеин Хилми-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хусеин Хилми
Паша
Huseyin hilmi.jpg
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
14 февруари 1909 – 13 април 1909
Монарх Абдул Хамид II
Претходник Ќамил-паша
Наследник Ахмет Тевфик-паша
На должноста
5 мај 1909 – 12 јануари 1910
Монарх Мехмед V
Претходник Ахмет Тевфик-паша
Наследник Ибрахим Хаки-паша
Министер за внатрешни работи
На должноста
1908–1909
Генерален инспектор за Македонија
На должноста
1902–1908
Амбасадор во Австроунгарија
На должноста
1912–1918
Лични податоци
Роден(а) 1 април 1855(1855-04-01)
Лезбос, Островски Пашалак, Османлиско Царство
Починал(а) 1922(1922-00-00) (возр. 66–67)
Виена, Австрија
Националност Османлија
Вероисповед Ислам
Стара фотографија на Хусеин Хилми-паша

Хусеин Хилми-паша (османски турски: حسین حلمی پاشا турски: Hüseyin Hilmi Paşa) (1 април 1855 – 1922) — османлиски државник и императорски службеник. Тој двапати бил Голем везир[1] на Османлиското Царство околу периодот на Втората уставна ера. Тој исто така еднаш бил претседател на Турската Полумесечина.[2]

Хусеин Хилми бил еден од најуспешните отомански администратори во експлозивниот Балкан од почетокот на 20 век, станувајќи отоманскиот генерален инспектор на Македонија[3] од 1902 до 1908 година, министер за внатрешни работи[4] од 1908 до 1909 година и амбасадор во Австрија-Унгарија[5] од 1912 до 1918 година. Тој често се смета, заедно со Ахмет Риза-бег и Хасан Фехми-паша, како еден од водечките државници кои го охрабрувале и пропагирале понатамошниот напредок.

Животопис[уреди | уреди извор]

Хусеин Хилми бил роден во 1855 година во Лезбос. Тој бил од грчко потекло,[6][7] кога негов предок се сменил во ислам.[8][9] Тој ги завршил основните студии во Лезбос и научил течно француски јазик во рана возраст. Тој започнал како службеник во отоманската државна структура и постепено се искачувал по скалилата на хиерархијата, станувајќи гувернер на Адана во 1897 година и на Јемен во 1902 година. Истата година во 1902 година, тој бил назначен за Генерален инспектор со одговорност на во суштина сите балкански територии на Отоманската империја во тоа време, имено вилаетите на Солун, на Косово и на Битола.

По обновата на османлискиот устав во 1908 година, тој бил назначен за министер за внатрешни работи, а потоа работел како Голем Везир, најпрво помеѓу 14 февруари 1909 и 13 април 1909 година под Абдул Хамид II и потоа, прoдолжувајќи ја функцијата од Ахмет Тевфик-паша еден месец подоцна, помеѓу 5 мај 1909 година и 28 декември 1909 година. Како таков, во неговото прво везирство, тој бил последниот голем везир на Абдул Хамид II. Неговиот прв мандат ненадејно бил прекинат заради Инцидентот на 31 март (кој всушност се случил на 13 април), кога за неколку дена, реакционерните апсолутисти и исламистички фундаменталисти ја презеле контролата врз османлиската влада во Цариград до доаѓањето на војската од Солун, која го потиснала обидот за против-удар.

По неговиот втор мандат како голем везир под Мехмед V, Хусеин Хилми-паша работел како министер за правда наследувајќи го кабинетот на Ахмед Мухтар-паша. Во октомври 1912 година, тој бил испратен во Виена како османлиски амбасадор во Австрија-Унгарија, позиција што ја имал до крајот на Првата светска војна. Поради здравствени проблеми, тој останал во Виена до неговата смрт во 1922 година. Погребан бил во Бешикташ, Цариград.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Archivum ottomanicum v. 23. Mouton. 2006. стр. 272. Hüseyin Hilmi (1855-1923), who was to become Grand Vezir twice in 1909
  2. Trivedi, Raj Kumar (1994). The critical triangle: India, Britain, and Turkey, 1908-1924. Publication Scheme. стр. 77. OCLC 31173524. the Ottoman Red Crescent Society of which Hilmi Pasha was the head, which he said, utilized their money for the purpose for which it had been contributed by Muslims in India.
  3. Kent, Marian (1996). The Great Powers and the End of the Ottoman Empire. Routledge. стр. 227. ISBN 0-7146-4154-5. Hüseyin Hilmi Pasha (1855-1923) (Ottoman Inspector-General of Macedonia, 1902-8
  4. Kent, Marian (1996). The Great Powers and the End of the Ottoman Empire. Routledge. стр. 227. ISBN 0-7146-4154-5. Hüseyin Hilmi Pasha (1855-1923) Minister for the Interior, 1908-9)
  5. Kent, Marian (1996). The Great Powers and the End of the Ottoman Empire. Routledge. стр. 227. ISBN 0-7146-4154-5. Hüseyin Hilmi Pasha (1855-1923) Ambassador to Vienna, 1912-18
  6. Abbott, George Frederick (1909). Turkey in transition. E. Arnold. стр. 149. OCLC 2355821. For Hilmi is a novus homo. A native of Mytilene, of obscure origin, partly Greek, he began his career as secretary to Kemal Bey
  7. Wheeler, Edward J, уред. (1909). Current Literature. Current Literature Pub. Co. стр. 389. OCLC 4604506. His Excellency Hussein Hilmi Pacha is a Turk "of the isles." The politest Turks of all come from the isles. There is also Greek blood in his veins
  8. Prothero, George Walter (1920). Peace Handbooks: The Balkan states. H. M. Stationery Office. стр. 45. OCLC 4694680. Hussein Hilmi Pasha, descended from a Greek convert to Islam in the island of Mitylene, was sent to Macedonia as High Commissioner.
  9. Great Britain. Foreign Office. Historical Section (1920). Handbooks prepared under the direction of the Historical section of the foreign office. H.M. Stationery off. стр. 45. OCLC 27784113. Hussein Hilmi Pasha, descended from a Greek convert to Islam in the island of Mitylene, was sent to Macedonia as High Commissioner.
  • Емине Орхан Еверед, „An educational prescription for the Sultan: Huseyin hilmi pasa's advice for the maladies of empire“, Студии за Блискиот Исток, 43,3 (2007), 439-459.
Политички функции
Претходник
'
Министер за внатрешни работи
1908–1909
Наследник
'
Претходник
Мехмед Саид-паша
Голем Везир на Османлиското Царство
14 февруари 1909 – 13 април 1909
Наследник
Ахмед Тевфик-паша
Претходник
Ахмед Тевфик-паша
Голем Везир на Османлиското Царство
5 мај 1909 – 12 јануари 1910
Наследник
Ибрахим Хаки-паша
Дипломатски функции
Претходник
'
Амбасадор во Австроунгарија
1912–1918
Наследник
'