Сурмели Али-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сурмели
Али
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
13 март 1694 – 22 април 1695
Монарх Ахмед II
Мустафа II
Претходник Бозоклу Мустафа-паша
Наследник Елмас Мехмед-паша
Лични податоци
Роден(а) ок. 1645
Дидимотика, отоманска Грција
Починал(а) 29 мај 1695(1695-05-29) (возр. 49–50)
Едрене, Отоманско Царство
Националност Отоманец
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Чин Сердар (командант)
Битки/војни Голема турска војна

Сурмели Али-паша (ок. 1645 – 29 нај 1695 година) — отомански државник кој бил голем везир на Отоманското Царство од 1694 до 1695 година. Според историчарот фон Хамер, неговиот епитет сурмели значи „не си го знае местото“, додека пак Узунчаршили вели дека во буквален превод значи „намачкан со маскара“ на турски.

Али е роден во Дидимотика (денес Источна Македонија и Тракија, североисточна Грција). Тој бил бирократ од висок ранг, кој служел на бродоградилиштата и благајната. Тој исто така бил управник на Кипар и Триполи (денес Либан).

На 13 март 1694 година, бил назначен за голем везир од страна на султанот Ахмед II. Тој исто така се стекнал и со титулата сердар, што значело „командант на војската“ и се борел против Хабсбуршката Монархија. Тој поставил опсада на Петроварадин (денес Србија), но набрзо ја повлекол.

На 6 февруари 1695 година, Ахмед II починал, и по некое двоумење, новиот султан Мустафа II го разрешил Сурмели Али-паша на 22 април 1695 година. Постоеле неколку причини за оваа одлука. Мустафа се сомневал дека Сурмели Али-паша имал друг кандидат за престолот некој од помладите принцови[1] и дополнително се сомневал дека Сурмели Али-паша бил против неговиот план тој лично да ја командува армијата. Дополнително, постоела и борба за превласт меѓу Сурмели али-паша и Фејзула Ефенди, султановиот советник (подоцна шеик ел ислам). Сурмели Али бил обвинет за измама и бил протеран во Чешме (денес Турција), но набрзо султанот се предомислил и наредил Сумерли Али-паша да биде погубен на 29 мај 1695 година.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nicolae Jorga: Geschichte des Osmanischen Reiches Vol III. (tr: Nilüfer Epçeli), Yeditepe Yayınları, Istanbul, 2009, ISBN 975-6480-21-1, p. 220
  2. [„Online history (турски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на турски]]“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-05-31. URL–wikilink conflict (help) Online history (турски)]
Политички функции
Претходник
Бозоклу Мустафа-паша
Голем Везир
13 март 1694 – 22 април 1695
Наследник
Елмас Мехмед-паша