Прејди на содржината

Ахмед Арифи-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ахмед Арифи
Паша
Фотографија која датира околу 1893 година
Голем везир на Османлиското Царство
Лични податоци
Роден(а) 1830
Цариград, Османлиско Царство
Починал(а) 1895 или 1896

Ахмед Арифи-паша (1830 – 1895/96[1]) — османлиски благородник, сенатор, државник и реформатор, кој служел како Голем везир на Отоманската империја во 1879 година. Во современите извештаи на англиски јазик бил познат како Арифи Паша. Тој бил либерален и ги поддржувал напорите на Митат-паша да ја втурне Империјата кон уставнизмот.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Фотографија која датира околу 1872 година

Роден бил во Цариград (денес Истанбул) во 1830 година, неговиот татко бил дипломат наречен Шекип-паша (на тогашниот англиски јазик Шекиб Паша). Тој го придружувал неговиот татко на дипломатските претставништва во разни европски метрополи, вклучувајќи ги Рим, Виена и Париз. Се здобил со добро познавање на францускиот јазик. Тој работел во низа работни места дома и во странство, вклучувајќи амбасадор во Виена, а подоцна и амбасадор во Париз.

На 28 јули 1879 година, тој станал Голем везир, но функцијата ја задржал нешто повеќе од еден месец.

Подоцна држел разни други функции и починал во 1895/96 година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • M. Th. Houtsma; A. J. Wensinck; T. W. Arnold (1993). E.J. Brill's First Encyclopaedia of Islam, 1913-1936. том I (1. (преиздадено). изд.). Brill Academic Publishers. стр. 432. ISBN 90-04-09796-1. Посетено на 31 мај 2020. M. Th. Houtsma; A. J. Wensinck; T. W. Arnold (1993). E.J. Brill's First Encyclopaedia of Islam, 1913-1936. том I (1. (преиздадено). изд.). Brill Academic Publishers. стр. 432. ISBN 90-04-09796-1. Посетено на 31 мај 2020. M. Th. Houtsma; A. J. Wensinck; T. W. Arnold (1993). E.J. Brill's First Encyclopaedia of Islam, 1913-1936. том I (1. (преиздадено). изд.). Brill Academic Publishers. стр. 432. ISBN 90-04-09796-1. Посетено на 31 мај 2020.
Претходник
Хајредин-паша
Голем везир на Османлиското Царство
1879
Наследник
Мехмед Саит-паша
  1. „Ahmed Arifi Paşa - Beyaz Tarih“. www.beyaztarih.com. Архивирано од изворникот на 2018-09-30. Посетено на 2020-05-31.