Гази Хусеин-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гази · Делија · Сари · Балтаоглу
Хусеин
Паша
Голем везир
На должноста
28 февруари 1656 – 5 март 1656
Монарх Мехмед IV
Претходник Ермени Сулејман-паша
Наследник Зурназен Мустафа-паша
Управник на Египет
На должноста
1635–1637
Монарх Мурат IV
Претходник Бакирџи Ахмед-паша
Наследник Султанзаде Мехмед-паша
Лични податоци
Роден(а) Јенисехир, Турција
Починал(а) 1659
Цариград, Турција
Националност Османлија
Вероисповед сунитски ислам
Народност Турчин
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Род  Османлиска морнарица
Чин капудан-паша (велеадмирал)
Никогаш не делувал како Голем везир

Гази Хусеин-паша (Хусеин-паша Воинот), Дели Хусеин-паша (Хусеин-паша Лудиот) или Сари Хусеин-паша (Хусеин-паша Русиот) или Балтаоглу Хусеин-паша (? - 1659) — османлиски офицер и државник. Служел како валија на Египет (1635–1637),[1][2] капудан-паша (велеадмирал) во 1630-тите, а за кратко бил и голем везир на царството во 1656 г.

Младост и напредување[уреди | уреди извор]

Хусеин е роден во турско[3] семејство во Јенихесир кај Бурса, северозападна Анадолија. Се преселил во Цариград, но за неговите почетоци се знае сосем малку. За време на Мурат IV бил дворски чиновник. Иранскиот шах му испратил на Мурат IV му испратил на султанот исклучителен подарок — лак кој никој не може да го повлече. Хусеин лесно го повлекол, и со тоа привлекол значајно внимание. Поради ваквиот подвиг, султанот почнал да му доделува чинови: најпрвин каок началник на царските коњушарници, а потоа управник (беглербег) на Силистренскиот пашалак (денешна Бугарија), управинк на Египетскиот и Анадолскиот пашалак, капудан-паша (велеадмирал) и др. Учествувал во походи околу Багдад (Ирак) и Ереван (Ерменија). За време на султанот Ибрахим I бил управник на разни европски покраини, а во 1646 г. станал и управник Ханискиот пашалак на Крит.

Управник на Египет[уреди | уреди извор]

Во 1635 г. Хусеин-паша бил назначен управник на Египет, наследувајќи го Бакирџи Ахмед-паша.[4][1][2][5] На функцијата се задржал две години, во кои бргу се прочул како нечовек заради неговата неоснована свирепост и убивање од забава.[6] Уште од првиот ден кога стасал во Египет, Хусеин им ги одзел привремените шатори на секретарот за финансии и советниците за своја лична употреба.[5] Од тој миг почнале неговите недела кои кон него предизвикале омраза меѓу народот. Со себе во Египет донел голем број Друзи, кои ограбувале по Каиро, а војниците ги пратил да изнудуваат пари од мештаните за прославата во чест на неговото доаѓање.[5] Покрај тоа, спроведувал систематска кражба на наследствата на имотното население, која била толку темелна, што пријавувањето кај пашата дека некој има наследство станало начин за освета меѓу непријателите.[6] Често јавал на коњ мавтајќи со мечот пред населението за разонода.[6] Секој месец ги терал мештаните да ги заменуваат златниците и сребрениците со исти монети, но од мешани метали, а чиновниците ги испраќал во далечни краишта од чиста забава.[6] Во текот на двете години како управник, наредил да се погубат 1.200 луѓе, не броејќи ги оние што ги убил самиот.[7]

Покрај неговата свирепост, Хусеин-паша бил способен водач на војската во Египет, што се сметало за мошне тешка задача.[8] Обраќал внимание на поединостите во управата и успешно ја намалил стапката на грабежи и провали во Египет.[8]

Во 1637 г. султанот Мурат IV го симнал од функцијата[4] и спровел проверка на египетската благајна, па го натерал да ги надомести причинетите штети. Хусеин-паша одбил, па кајмакамот кој го заменувал до доаѓањето на новот управник го ставил во затвор, и го пуштил откако овој платил голема сума пари.[8]

Кандиска војна[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кандиска војна.

Освојувањето на островот Крил, кој бил владение на Венецијанците се покажало необично тешко за османлиите. Додека Османлиското Царство било во застој, воената и поморската технологија во Европа била во подем. Без оглед на заземањето на Ханија во 1645 г., остатокот од островот (особено Ираклион) и понатаму успешно им се спротиставувал на османлиите. Засилувањето не било можно, бидејќи Венецијанците ги блокирале Дарданелите.

Со ова, османлиската војска на Крит била во мртва точка. Дури и при вакви услови, Хусеин успеал да заземе неколку тврдини како Ретимно[9] и го ставил Ираклион под опсада. Обновил многу градби, каок и самата тврдина во Ханија. На 28 февруари 1656 г. султанот Мехмед IV го унапредил во голем везир.[10]

Меѓутоа, Хусеин-паша немал прилика да делува како голем везир. Долго пред да се врати во Цариград, султанот се премислил, и на 6 март 1656 г. на негово место го назначил Зурназен Мустафа-паша, кој бил соперник на Хусеин. Зурназен Мустафа бил на функцијата пократко дури и од Хусеин-паша.

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

Хусеин потоа бил назначен за управник на Румелискиот пашалак — функција која важела за пониска од онаа на големиот везир, но повисока од сите други управници во царството. Сепак, новиот голем везир Ќопрулу Мехмед-паша стравувал од угледот на Хусеин,[11] па затоа го повикал во Цариград. Мехмед-паша го убедил султанот да го стави во затвор, и потоа да го погуби (1659) поради неговите недела.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Süreyya, Bey Mehmet, Nuri Akbayar, and Seyit Ali. Kahraman. Sicill-i Osmanî. Beşiktaş, İstanbul: Kültür Bakanlığı Ile Türkiye Ekonomik Ve Toplumsal Tarih Vakfı'nın Ortak Yayınıdır, 1890. Print.
  2. 2,0 2,1 Yılmaz Öztuna (1994). Büyük Osmanlı Tarihi: Osmanlı Devleti'nin siyasî, medenî, kültür, teşkilât ve san'at tarihi. 10. Ötüken Neşriyat A.S.. стр. 412–416. ISBN 975-437-141-5. http://books.google.com/books?id=pBGQMgAACAAJ. 
  3. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, стр. 41
  4. 4,0 4,1 Holt, P. M.. The Exalted Lineage of Ridwān Bey: Some Observations on a Seventeenth-Century Mamluk Genealogy. „Bulletin of the School of Oriental and African Studies“ том  22 (02): 221. doi:10.1017/S0041977X00068671. ISSN 0041-977X. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 83. http://books.google.com/books?id=_WJFAAAAYAAJ&pg=PA83. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 84. http://books.google.com/books?id=_WJFAAAAYAAJ&pg=PA84. 
  7. Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 84, 85. http://books.google.com/books?id=_WJFAAAAYAAJ&pg=PA84. 
  8. 8,0 8,1 8,2 Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 85. http://books.google.com/books?id=_WJFAAAAYAAJ&pg=PA85. 
  9. Joseph von Hammer:Osmanlı Tarihi cilt II (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 238
  10. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 139-145
  11. Mevlüt Uluğtekin Yılmaz: Osmanlı'nın Arka Bahçesi, MUY Yayınları, Ankara, ISBN 975-94405-0-4 pp 162-164


Политички функции
Претходник
Ермени Сулејман-паша
Голем везир на Отоманската Империја
28 февруари 1656 – 5 март 1656
Наследник
Зурназен Мустафа-паша