Зурназен Мустафа-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зурназен Мустафа-пашаотомански државник од албанска народност.[1] Служел како голем везир на царството само 4 часа на 5 март 1656 г. и затоа понекогаш не се води во списоците на големи везири. Најпрвин бил назначен за старател на функцијата под извонредни околности, но потоа самиот ја презел функцијата, влијаејќи му на султанот да го смени Гази Хусеин-паша. Неговото назначување предизвикало бунт во Инстанбул, па морал да биде прогонет по само четири часа на функцијата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Danişmend (1971), стр. 41.
  2. İzahlı Osmanlı Tarihi Kronolojisi, Cilt:5, İsmail Hami Danişmend
Политички функции
Претходник
Гази Хусеин-паша
Голем везир на Отоманското Царство
5 март 1656
Наследник
Сијавуш-паша