Дамат Ибрахим-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дамат
Ибрахим
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
6 јануари 1599 – 10 јули 1601
Монарх Мехмед III
Претходник Церах Мехмед-паша
Наследник Јемишчи Хасан-паша
На должноста
5 декември 1596 – 3 ноември 1597
Монарх Мехмед III
Претходник Џигалазаде Јусуф Синан-паша
Наследник Хадим Хасан-паша
На должноста
4 април 1596 – 27 октомври 1596
Монарх Мехмед III
Претходник Коџа Синан-паша
Наследник Џигалазаде Јусуф Синан-паша
Отомански управител на Египет
На должноста
1583–1585
Претходник Хадим Хасан-паша
Наследник Дефтердар Синан-паша
Лични податоци
Роден(а) 1517
Хрватска или Босански Санџак, Отоманско Царство
Починал(а) 1601 (на 83–84 г.)
Сопружник Ајше
Вероисповед Суни Ислам

Дамат Ибрахим-паша (турски: Damat İbrahim Paşa, бошњачки: Damat Ibrahim-Paša; 1517–1601) — отомански државник, кој во три наврати бил Голем везир (првиот пат од 4 април до 27 октомври 1596; вториот пат од 5 декември 1596 до 3 ноември 1597 и третиот и последен пат од 6 јануари 1599 до 10 јули 1601.[1] Познат е како освојувачот на Каније.

Нарекуван е со титулата дамат („младоженец“), бидејќи бил младоженец на Отоманската династија со венчавање на Ајше, една од ќерките на султанот. Не треба да се помешува со Паргали Ибрахим-паша, славниот голем везир на Сулејман Величествениот, уште еден девширме и „дамат“ на отоманскиот двор или со Невшехирли Дамат Ибрахим-паша, кој владеел во почетокот на XVIII век во текот на Ерата на лалињата.

Животопис[уреди | уреди извор]

Според турски извори бил со босанско или хрватско потекло[2] и бил земен преку системот на данок во крв.[3]

Се издигнал во ранговите во текот на периодот кога суштинската власт и влијание била држена од Мехмед-паша Соколовиќ. Во 1581 година, кратко по смртта на Мехмед-паша, Ибрахим-паша се оженил со Ајше, ќерка на султанот Мурад III и станал управител на Египет. Но, поради неговото отсуство од престолнината и умирањето на Мехмед-паша Соколовиќ, неговото влијание опаднало во текот на остатокот од владеењето на Мурад III.

Џамија Дамат Ибрахим-паша во округот Фатих во Истанбул.

Се вратил под водство на Мехмед III, станувајќи голем везир во 1596 година по првпат. Неговото повлекување било особено поради губењето на територии во пограничните областа помеѓу Отоманското Царство и Хабсбурзите во Унгарија. Не бил склон кон енергични дејствија, туку уреден, методичен и внимателен државник, кој претпочитал да започне целосен преглед на османлискиот административен систем заснован на напад на Австрија. Борбата како таква докажала успех и Ибрахим-паша ја добил титулата „освојувач на Егер“ (североисточно од Будимпешта) од неговиот султан, иако тој бил еден од оние кои ја вршеле командата. Бидејќи бил насочен на стабилизирање на државната структура и добиените добивки отколку бркањето на Австријците бил распуштен од местото голем везир, најпрвин на краток период од четириесет и пет дена до крајот на 1596 година и потоа по вторпат на крајот на следната година.

Се вратил како голем везир во 1599 година под услов да започне борба против Австрија. Ја започнал борбата со закана да ја освои Виена директно упатувајќи се кон Ештергом (освоен од Сулејман Величествениот во 1543 година и изгубен во 1595 г.), но на крајот ја поминал зимата во Белград. Потоа започнал со притисок на Австрија преку појужна рута со освојување на замокот на Каније. Турските робови во замокот го запалиле барутот и тешко ги оштетиле ѕидовите. Но, замокот сè уште не паднал и војска од 20.000 војници командувани од Филип Емануел пристигнала на помош на опколените. Но, османлиската војска на крајот ги поразила двете армии и замокот се предал. Тирјаки Хасан-паша бил назначен за управител на новоосвоениот град.

Каније станал средиште на новите османлиски напади на Средна Европа. Во септември 1601 година, обид на огромната австриска војска да го заземе замокот биле одбиени од управителот Тирјаки Хасан-паша. Дамат Ибрахим-паша умрел истата година. Ештергом бил изгубен од Отоманското Царство во 1605 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971 (турски)
  2. Necdet Sevinç (1985). Osmanlı sosyal ve ekonomik düzeni. Üçdal Neşriyat.
  3. Mutlu Dikmen (28 October 2014). BOSNA REHBERİ: BOSNA REHBERİ. Mutlu Dikmen. стр. 11–. GGKEY:BX7UBXRFSNF.
Политички функции
Претходник
Хадим Хасан-паша
Отомански управител на Египет
1583–1585
Наследник
Дефтердар Синан-паша
Претходник
Коџа Синан-паша
Голем везир на Отоманското Царство
4 април 1596 — 27 октомври 1596
Наследник
Џигалазаде Јусуф Синан-паша
Претходник
Џигалазаде Јусуф Синан-паша
Голем везир на Отоманското Царство
4 декември 1596 — 3 ноември 1597
Наследник
Хадим Хасан-паша
Претходник
Церах Мехмед-паша
Голем везир на Отоманското Царство
6 јануари 1599 — 10 јули 1601
Наследник
Јемишчи Хасан-паша