Данок во крв

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Девширме)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Девширме“ (илустрација од книга од Топкапи Сарај.)

Данокот во крв или девширме во Османлиската империја се состоел од собирање на најздравите деца, од христијанската раја, кои биле водени во Константинопол, преведувани во ислам и подложувани на специјален режим на воспитување.

Данокот бил воведен од страна на султанот Мурат I. Најнадарените деца (ич оглани) биле избирани и тренирани во една од царските палати, со цел да станат лична придружба на султанот. Повеќето од другите деца (аџеми оглан) станувале припадници на јаничарскиот корпус. Тие уживале голем број привилегии, што им овозможувало да заземат високи позиции во државната хиерархија. За време на војна служеле како пешадија, заземајќи ја централната позиција во воената формација и штитејќи го султанот.

Данокот во крв бил укинат кон средината на XVII век.