Данок во крв

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Девширме“ (илустрација од книга од Топкапи-сарај[1][2].)

Данокот во крв[3] или девширме во Османлиското Царство се состоел од собирање на најздравите деца, од христијанската раја, кои биле водени во Цариград, воведувани во исламот и подложувани на специјален режим на воспитување.

Данокот бил воведен од страна на султанот Мурат I. Најнадарените деца (ич оглани) биле избирани и тренирани во една од царските палати, со цел да станат лична придружба на султанот. Повеќето од другите деца (аџеми оглан) станувале припадници на јаничарскиот корпус. Тие уживале голем број привилегии, што им овозможувало да заземат високи позиции во државната хиерархија. За време на војна служеле како пешадија, заземајќи ја централната позиција во воената формација и штитејќи го султанот.

Данокот во крв бил укинат кон средината на XVII век.

Данокто во крв како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nasuh, Matrakci (1588). „Janissary Recruitment in the Balkans“. Süleymanname, Topkapi Sarai Museum, Ms Hazine 1517. Архивирано од изворникот на 3 December 2018. Посетено на 20 November 2016.
  2. Finkel, Caroline (2007). Osman's dream : the story of the Ottoman Empire, 1300-1923. Basic Books. стр. 325. ISBN 978-0465023967.
  3. Ingvar Svanberg and David Westerlund, Islam Outside the Arab World, Routledge, 1999, p. 140
  4. Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.