Синанудин Факих Јусуф-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Синанудин Факих Јусуф
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
1349–1364
Монарх Орхан I, Мурат I
Претходник Хаџи-паша
Наследник Чандарли Халил Хајредин-паша
Лични податоци
Починал(а) 1364
Вероисповед ислам

Синанудин Факих Јусуф-пашаотомански државник, кој бил Голем везир во периодот од 1349 до 1364 година.[1] Тој бил последен кој ја извршувал функцијата во време на владеењето на султанот Орхан I и прв во време на владеењето на Мурат I.

Во еден запис од 1360 година, султанот Орхан I го споменува Синанудин Факих Јусуф и забележува дека тој бил син на човек со име Муслихудин Муса и внук на човек со име Меџдудин Иса. Од записот исто така може да се разбере дека Синанудин Факих Јусуф бил ахија кој им служен на отоманските бирократи.

По неговата смрт, поранешниот кадиаскер Чандарли Халил Хајредин-паша станал Голем везир, со што започнала „Чандарлиевата ера“ во Отоманското Царство, кога неколку Големи везири потекнувале од семејството Чандарли и поседувале голема политичка моќ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 8.
Политички функции
Претходник
Хаџи-паша
Голем везир
1349-1364
Наследник
Чандарли Халил Хајредин-паша