Коџа Мустафа-паша
Изглед
| Коџа Мустафa-паша | |
|---|---|
| 23. голем везир на Отоманското Царство | |
| На должноста 1511–1512 | |
| Монарх | Бајазит II |
| Претходник | Ахмед-паша Херцеговиќ |
| Наследник | Ахмед-паша Херцеговиќ |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | Непознат |
| Починал(а) | 1512 Бурса, Отоманско Царство |
| Националност | отоманска |
| Вероисповед | Ислам |
| Народност | Турчин |
Koџa Мустафа-паша (умрел 1512 г.) бил отомански државник. Бил голем везир на Османлиското Царство од 1511 до 1512 година.[1] Тој бил Грк (Рум), а не девширме.[2]
Живот
[уреди | уреди извор]Ја започнал својата кариера како капиџибаши (kapıcıbaşı), или главен вратар на Топкапи палатата: тука тој ја извршувал функцијата на „церемонијал мајстор“ на приемите на странски амбасадори. Бил назначен за голем везир кон крајот на владеењето на Бајазит Втори и бил погубен во 1512 година.[3] Во Истанбул, тој дозволил две византиски цркви да бидат преобразени во џамии, па двете биле именувани по него, односно Коџa Мустафа-пашината џамија и Атик Мустафа-пашината Џамија.[4][5]