Елмас Мехмед-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елмас
Мехмед
Паша
Голем везир
На должноста
3 мај 1695 – 11 септември 1697
Монарх Мустафа II
Претходник Сурмели Али-паша
Наследник Амџазаде Ќопурлу Хусеин-паша
Лични податоци
Роден(а) 1661
Доганјурт, Турција
Починал(а) 11 September 1697 (aged 35-36)
Сента, Србија
Националност Османлија
Вероисповед сунитски ислам
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Траење 1695–1697
Чин Врховен командант
Битки/војни Голема турска војна

Елмас Мехмед-паша ( 166111 септември 1697) — османлиски државник и голем везир од 1695 до 1697 г. Го носел прекарот „Елмас“, што на турски значи „дијамант“[1], бидејќи важел за убав маж.

Младост[уреди | уреди извор]

Роден е во Доганјурт (порано Хошалај), денес во покраината Кастамону, Турција. Татко му бил поморски капетан (реис). Почнал да работи во царскиот дворец по лично барање на султанот Мехмед IV и бил меѓу ретките што станале високи функционери на млади години. За време на султанот Ахмед II во 1688 г. бил назначен за нишанџија (чувар на царскиот печат), а во 1689 г. станал везир (министер).[2]

Како голем везир[уреди | уреди извор]

Царството во овој период се соочувало со низа порази во Големата турска војна, почнувајќи од Втората опсада на Виена во 1683 г. По погубувањето на Кара Мустафа-паша, настапил период на честа промена на големите везири (премиери) — од 1683 до 1695 г. се смениле дури единаесет. Елмас Мехмед-паша е назначен за голем везир на 2 мај 1695 од страна на султанот Мустафа II. Бил поуспешен од неговите претходници, и заедно со султанот го поразил Хабсбуршкото Царство во две битки - Битката кај Лугош и онаа кај Улаш.

Покрај воената дејност, се обидел да спроведе реформи во државната благајна, Еден од најголемите проблеми на Осмалиското Царство во XVII век биле обезвреднетите монети. Мехмед собирал разни монети (вклучувајќи европски) и исковал нови златни и сребрени монети во име на Мустафа II.[3]

Битката кај Сента и смрт[уреди | уреди извор]

Во Битката кај Сента на 11 септември 1697 г. хабсбуршката војска заробила османлиски офицер од штабот на Мехмед-паша и од него го дознала борбениот план на Османлиите. Дознавајќи го ова, командантот на хабсбуршката војска, принцот Евгениј Савојски, наредил ненадеен напад врз турската војска додека го преминувала тамошниот мост преку реката Тиса.[4] Мехдмед-паша се обидел да организира прописно повлекување, но имал недисциплинирани војници кои биле во паника. Мехмед загинал од рацете на опствените војници, кои го задавиле со жица. По две години, Османлиите бипе приморани да го потпишат Договорот од Карловци, со кој ја изгубиле Унгарија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. elmas — турско-македонски речник, офф нет
  2. Ayhan Buz:Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009, ISBN 978-975-254-278-5, стр. 146-147
  3. Ottoman grand viziers' page (турски)
  4. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 стр, 227
Политички функции
Претходник
Сурмели Али-паша
Голем везир на Отоманското Царство
3 мај 1695 – 11 септември 1697
Наследник
Амџазаде Ќопурлу Хусеин-паша