Договор од Карловци
| Контекст | Голема турска војна (1683–1697) |
|---|---|
| Напишан | од 16 ноември 1698 |
| Потпишан | 26 јануари 1699 |
| Место | Карловци, денешна Србија |
| Потписници | |
| Странки | |
Договорот од Карловци бил склучен по крајот на Големата турска војна помеѓу Светата лига во чиј состав влегувале: Полско-литванската Државна Заедница, Хабсбуршката монархија, Венецијанската Република и Царство Русија од една страна и Отоманското Царство од друга страна. Договорот бил потпишан на 26 јануари 1699 година.
Територијални промени
[уреди | уреди извор]
Според договорот, Полско-литванската Државна Заедница ги добила земјите од десната страна на Украина заедно со Подолија и Каменец. Молдавија била вратена на Османлиите, а во составот останал и Банат. Најголеми придобивки имала Хабсбуршката монархија бидејќи ги добила Централна Унгарија, Трансилванија, областа меѓу реката Тиса и Дунав и голем дел од Славонија. Венеција пак ја добила Мореја, шест тврдини во Далмација и неколку острови во Грција.
| ||||||||||||||||||||||||||