Договор од Севр
![]() Поделбата на Анадолија и Тракија според договорот | |
Потпишан | 10 август 1920 |
---|---|
Место | Севр, Франција |
Услов | Ратификација на договорот меѓу Отоманската империја и три земји од Антантата. |
Потписници | Централни сили![]() Антанта Other Allied Powers
|
Чувар | Француска влада |
Јазици | француски, англиски, италијански |
![]() |
Севрскиот договор (10 август, 1920) бил мировен договор помеѓу Отоманската империја и сојузниците на крајот на Првата светска војна. Договорот бил потпишан во францускиот град Севр. Овој договор следувал по потпишувањето на Версајскиот договор од страна на Германија. За разлика од Версајскиот, Севрскиот договор бил крајно неповолен за Османлиската империја. Османлиската империја била поделена меѓу Франција, Италија и Велика Британија. Овој договор бил поништен по започнувањето на Турската војна за независност и потпишувањето на Лозанскиот договор од 1923 година на чело со Мустафа Кемал Ататурк.
Со овој договор Османлиската империја се одрекла од сите нетурски реони кои претходно и припаѓале. Империјата изгубила 4/5 од својата територија, а во Европа останал само Константинопол и околината на Дарданелите и Босфорот.
Според договорот:
- Североисточните региони на Турција биле дадени на Ерменија.
- Во југоисточните делови на Отоманската империја се предвидило формирање на независни држави Курдистан и Хеџаз (дел од денешна Саудиска Арабија).
- Месопотамија (Ирак), Палестина и Трансјордан биле дадени на битанската сфера на влијание под протекторат на Лигата на народите.
- Сирија и Либан кон Франција под протекторат на Лигата на народите.
- Северен Епир бил даден на новоформираната држава Албанија, под протекторат на Италија.
- Додеканези биле дадени на Италија.
- Источна Тракија со исклучок на Константинопол (Истанбул), Босфорот и Дарданелите (над кои се утврдува меѓународна контрола) како и островите Имброс и Тенедос, се дале на Грција.
- Администрирањето и ексклузивните права врз областа Смирна (Измир) во Мала Азија, се доделила на Грција. По 5 години областа би можела конечно да биде присоединета кон нејзината територија.
Договорот ја обврзил Турција да ги намали своите вооружени сили на 50 000 луѓе.
|
- Последици од Првата светска војна
- Историја на Ерменија
- Историја на Палестина
- Договори од Првата светска војна
- Договори на Отоманското Царство
- Мировни договори на Франција
- Мировни договори на Италија
- Мировни договори на Грција
- Мировни договори на Обединетото Кралство
- Мировни договори на САД
- Мировни договори на Јапонија
- Османлиска империја во 20 век
- Европа во 1920 година