Парискиот мировен договор бил потпишан на 30 март1856 година во Париз од страна на Русија од една страна и сојузниците предводени од Османлиското Царство, Франција, Велика Британија од друга страна. Договорот ставил крај на Кримската војна.
Со парискиот договор, влијанието на Дунав било пренесено на сите големи сили како целина. Исто така големите сили се обврзале дека ќе ја почитуваат независноста и територијалниот интегритет на Османлиското Царство и нема да се мешат во нејзината внатрешна политика. Црно Море станала неутрална територија и нејзините пристаништа биле затворени за воени бродови, а по неговите брегови пак било забрането изградба на тврдини или распоредување на воени сили. Се објавило и слободно движење по реката Дунав но под контрола на меѓународна комисија. Молдавија и Влашко останале под јурисдикција на Отоманското Царство., но им бил гарантиран независен устав.
Самиот Париски мировен договор бил срушен кога Франција била поразена од страна на Прусија. Русија тоа го искористила најмногу, Русија повторно ја формирала својата флота на Црно Море.