Договорот од Акерман бил потпишан на 7 октомври1826 година меѓу Руската и Отоманското Царство. Според договорот, господарите на Молдавија и Влашка требало да бидат избирани во согласност со двете империи со мандат од седум години. Договорот исто така предвидел и повлекување на османлиските сили од двете дунавски кнежевства. На конвенцијата исто така станало збор и за давање на автономија на Србија. Оваа конвенција на крајот била отфрлена и ја предизвикала Руско-турската војна (1828-1829).