Османлиско-француски сојуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Француско-османлискиот сојуз бил сојуз кој бил основан во 1536 година од страна на францускиот крал Франсоа I и османлискиот султан Сулејман I. Сојузот бил наречен "првиот неидеолошки дипломатски сојуз од ваков вид помеѓу христијанска и нехристијанска империја". Овој сојуз сепак предизвикал голем скандал во христијанскиот свет и бил означен како "незнабожен сојуз", или "свето соединување на лилијан и полумесечина." Сепак во практика овој сојуз бил во интерес на двете страни од стратешки и тактички план и траел повеќе од два века и бил раскинен по француската инвазија на Египет на чело со Наполеон.

Позадина[уреди | уреди извор]

По турското освојување на Константинопол во 1453 година од страна на Мехмед II и обединување на Блискиот Исток во времето на Селим I, Сулејман успеал да го прошири османлиското владеење во Србија во 1522 година. Хабсбуршката империја на тој начин влегла во директен конфликт со Османлиите. Првите контакти меѓу двете земји се случиле уште во времето на Бајазит II во 1483 година кога неговиот брат и негов претендент за престолот Шехзаде Џем бил уапсен во Франција. По големите преговори тој подоцна бил префрлен во Рим.

Франција го потпишала првиот договор со мамелучкиот султан на Египет во 1500 година во времето на Луј XII и султанот Бајазит II. Во следните години Франција била во потрага по сојузници во Централна Европа. Франција била поразена во битката кај Павија во 1525 година од страна на Хабсбуршката империја. Во оваа битка Франсоа бил заробен и принуден да го потпише понижувачкиот договор од Мадрид според кој морал да се откаже од Бургундија и италијанските територии. По пуштањето од затвор, Франсоа започнал преговори со Сулејман.

Потпишување на договорот[уреди | уреди извор]

Сојузот бил можност за владетелите да се борат заедно против Хабсбуршката империја. Сојузот му дал поттик на Сулејман да ја нападне Унгарија во 1526 година. Од друга страна Карло V започнал преговори за формирање сојуз со Персија. Во 1528 година Франсоа стапил во сојуз со Заполја, кралот на Унгарија кој бил вазал на Сулејман. Во 1528 година Франсоа како изговор за сојузништвото со Османлиите ја навел заштитата на христијанската население во Османлиската империја. Во почетокот на јули 1532, Сулејман бил придружуван од страна на францускиот амбасадор Антонио Ринкон до Белград. Антонио Ринкон му подарил тијара на четири слоја која била изработена во Венеција за 115.000 дукати. Отомански амбасадор бил испратен во Франција во 1533 година кој бил предводен од страна на Хајредин Барбароса. По ова Сулејман му наредил Барбароса да ги стави своите сили на располагање на Франсоа I при неговиот напад на Џенова.