Османлиско-венецијански договор (1416)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Османлиско-венецијански договор
Eastern Mediterranean 1450.svg
Источниот Медитеран кон 1450 година:
Потпишан 1416 (1416)
Посредници Византија Мануил II Палеолог
Потписници

Османлиско-венецијанскиот поморски договор од 1416 година бил договор меѓу двете земји ставање на крај на краткиот конфликт и пропишување на правилата за поморска трговија меѓу двете земји.

По падот на Селџуците, анадолските бејлици како Кареси, Ајдин и Ментеше немале доволно сила за да го контролираат Егејското Море. По нивнот вклучување во Османлиската империја, Османлиите ги зазеле нивните флоти и се заканиле на венецијанската доминација во Егејот. Во времето кога трите анадолски бејлици ја вратиле својата независност по инвазијата на Тимур, тие немале сила за да се здобијат со своите поранешни флоти.

Во 1415 година, набргу по Отоманскиот интеррегнум, Венеција испратила 10 галии да Мраморно Море за проверка на османлиската флота. До судир дошло на 14 мај 1416 година кога венецијанската флота ја поразила на османлиската[1].

Византискиот император Мануил II Палеолог доброволно се пријавил за медијатор, и двете страни се договориле најпрвин да се ослободат воените затвореници од конфликтот, се обврзиле дека ќе биде воведена војна против пиратите а Венеција дала неколку трговски концесии на Османлиите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Yaşar Yücel and Ali Sevim (1990). Türkiye Tarihi II. Istanbul: AKDTYK yayınları. стр. 80–81.