Мировната конференција била отворена на 11 мај во Батуми. На оваа конференција Османлиите ги прошириле своите барања, односно кон нејзините територии да се присоединат Тифлис, Александропол и Ечмијаџин. По неуспехот, турската војска се обрнала кон Руска Ерменија по кое следувале неколку битки (Сардарпад, Кара Килис и Абаран). На 4 јуни Првата ерменска република била принудена да го потпише договорот од Батум.