Букурешки договор (1918)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Букурешки договор
{{{image_alt}}}
Романскиот премиер Александру Маргиломан го потпишува договорот
Потпишан7 мај 1918
МестоПалата Котрочењ, Букурешт, Кралство Романија (под окупација на Централните сили од декември 1916)
УсловРатификуван од Романија и Централните сили
ПотписнициГерманско Царство Рихард фон Килман
Германско Царство Паул фон Кернер
Германско Царство Јоханес Криге
Германско Царство генерал-мајор Емил Хел
Германско Царство поморски капетан Ханс Бене
Австроунгарија Стефан Бурјан фон Рајец
Кралство Бугарија Васил Радославов
Кралство Бугарија Димитар Тончев
Кралство Бугарија генерал-мајор Цантлоф
Кралство Бугарија Љубомир Милетич
Османлиско Царство Ахмед Несими-бег
Османлиско Царство Ахмед Изет-паша
Османлиско Царство Хикмет-бег
Кралство Романија Александру Маргиломан
СтранкиГерманско Царство Германско Царство
Австроунгарија Австроунгарија
Османлиско Царство Отоманско Царство
Кралство Бугарија Бугарија
Кралство Романија Романија
Јазицигермански, романски, унгарски, бугарски, отомански турски[1]

Букурешки договор (1918)мировен договор меѓу Романија и спротивставените Централни сили по застојот фронтот во 1917 година. Романија останала изолирана по руското еднострано излегување од Првата светска војна (види Фокшанско примирје и Брест-литовски договор)

По ултиматумот на Централните сили објавен за време на средбата меѓу кралот Фердинанд I и Отокар Чернин, австроунгарскиот министер за надворешни работи, на 27 февруари (ст. ст. 14 февруари) на железничката станица во Ракачуни, кралот Фердинанд го свикал Крунскиот совер на 2 март (ст. ст. 17 февруари) во Јаш, романската престолнина во егзил. После долги и тешки дискусии, кои траеле 3 дена, и покрај силното спротивставување на кралицата Марија и генералот Константин Презан, Крунскиот совет решил да го прифати ултиматумот и да испрати претставници во Буфтеа да преговараат прелиминарен мировен договор. Прелиминарниот мировен договор бил склучен на 5 март 1918 година (ст. ст. 20 февруари), со кој Романија ги прифатила промените на границите во корист на Австроунгарија, да ја отстапи цела Добруџа, да демобилизира најмалку 8 дивизии, да ја напушти австроунгарската територија која сè уште ја поседувала и да им овозможи премин на трупите на Централните сили низ Западна Молдавија и Бесарабија кон Одеса.[2]

Александру Маргиломан, тогашниот премиер на Романија, го потпишал конечниот договор во палатата Котрочењ, Букурешт, на 7 мај 1918 година (ст. ст. 25 април) и истиот бил ратификуван од Комората на пратениците на 28 јуни и од Сенатот на Романија на 4 јули 1918 година.[3] Меѓутоа, кралот Фердинанд одбил да го потпише или објави.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Article XXX of the Treaty“. Посетено на 10 август 2017.
  2. Nicolae Iorga, Acte privitoare la istoria marelui războiu, „Revista Istorică", Year XVIII, Issues 7-9, Bucharest, 1932
  3. „Primary Documents - Treaty of Bucharest, 7 May 1918“. FirstWorldWar.com. Посетено на 18 October 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]