Скадарски договор
Скадарскиот договор[1] (современ турски: İşkodra Barışı) - договор потпишан помеѓу Отоманската Империја и Кнежевството Црна Гора на 31 август 1862.
Заднина
[уреди | уреди извор]Кнежевството Црна Гора било вазал на Османлиското Царство. Во текот на првата половина на 19 век османлиската доминација била ослабена и Никола I, кнезот на Црна Гора, се чувствувал слободен да поддржи бунт во соседната османлиска покраина Херцеговина. Отоманскиот генерал Омер паша, кој бил одговорен за сузбивање на бунтот, ги победил бунтовниците и тргнал кон Цетиње (тогашен главен град на Црна Гора).
Договорот
[уреди | уреди извор]Договорот бил потпишан во Скадар во Отоманската Империја (денес во Албанија) откако Црна Гора барала мир. Термините биле:
- Вазалниот статус на Црна Гора (како и покраинската граница) бил ратификуван
- Мирко Петровиќ-Његош, таткото на Никола, кој се борел против Османлиите, бил протеран
- Увозот на оружје во Црна Гора бил забранет
- Покраинската граница меѓу Црна Гора и Херцеговина била ставена под османлиска воена контрола
Последици
[уреди | уреди извор]Црна Гора станала независна со Берлинскиот договор потпишан по Руско-турската војна од 1877–1878 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Erik Goldstein, Wars and Peace Treaties: 1816 to 1991, Routledge, 1992, ISBN 978-0-203-97682-1, p. 28.
|