Договор од Ќучук Кајнарџа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Договор од Ќучук Кајнарџа

1739
Потпишан 21 јули 1774
Место Кајнарџа, денешна Бугарија
Преговарачи
Потписници
  • Руско Царство Пјотр Румјанцев
  • Османлиско Царство Мехмед Паша
  • Странки
  • Руско Царство Руска Империја
  • Османлиско Царство Османлиска Империја
  • Јазици руски, отомански, италијански
    Treaty of Küçük Kaynarca.svg

    Ќучуккајнарџискиот договор е мировен договор од 21 јули 1774 година кој бил склучен меѓу Русија и Отоманската Империја по Руско-турската војна од 1768-1774 година.

    Овој договор бил потпишан по крајот на петтата по ред Руско-турски војни и поразот на Османлиите.[1], која била иницирана од руската царица Катерина Велика против султанот Мустафа III. Договорот бил потпишан во селото Ќучук Кајнарџа, денес Кајнарџа во североисточна Бугарија, во Добруџа, во близина на Дунав и на југоисток од Силистра.

    Според договорот, Керч и неколку други црноморски пристаништа од Кримскиот полуостров биле отстапени на Русија остатокот од Кримското ханство било прогласено за независно. Дозволено било на руските трговски бродови да пловат во турските води. Молдавија и Влашка биле вратени под властта на султанот, но Русија стекнала право на мешање во Високата порта (судот на султанот) во име на овие две кнежества. Покрај тоа, Русија добила одредени права во име на грчките православни поданици на султанот.

    Во посебен договор од 1775 година Османлиите ја отстапиле Буковина на Австрија.

    Наводи[уреди | уреди извор]

    1. (турски) Ömer Lütfi Barkan (1985). Ord. Prof. Ömer Lütfi Barkan'a armağan. Istanbul University. стр. 48.