Лондонски договор (1840)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лондонски договор
Потпишан15 јули 1840
МестоЛондон
ПотписнициФранција
Обединето Кралство
Австриска Империја
Прусија
Руска Империја
Османлиска Империја

Лондонски договор од 1840 година — договор со насловот Конвенција за смирување на Левантот, потпишан на 15 јули 1840 година помеѓу големите сили на Обединетото Кралство, Австрија, Прусија, Русија од една и Отоманската Империја од друга страна. Конвенцијата дала одредена поддршка на Отоманската Империја, која имала потешкотии со своите египетски поседи.

Бидејќи Мухамед Али Паша не ги прифатил условите на договорот, произлегла ориенталната криза од 1840 година. Така, Мухамед Али конечно морал да го прифати договорот на 27 ноември 1840 година.

Преговори[уреди | уреди извор]

Договорот ги сумирал неодамнешните договори во врска со Османлиското Царство под Абдул Меџид I и неговата втора војна со Египет на Мухамед Али. Таа била предизвикана од стравот на Големите сили од дестабилизирачкиот ефект што отоманскиот колапс би го имал врз Европа.

Османлиите се согласиле да ги прогласат Дарданелите за затворени за сите не-отомански воени бродови во мирно време. За возврат, потписниците му понудиле на Мухамед Али и на неговите наследници трајна контрола над Египет и Акоскиот пашалак, ако териториите останат дел од Отоманската Империја. Ако не прифати повлекување на своите сили во рок од десет дена, требал да ја изгуби понудата во Јужна Сирија; ако го одложи прифаќањето повеќе од 20 дена, требал да изгуби сè што му е понудено.[1] Тој исто така морал да му ја врати на султанот Абдул Меџид I, османлиската флота што пребегнала во Александрија. Мухамед Али требал веднаш да ги повлече своите сили од Арабија, Светите градови, Крит, областа Адана, сите во рамките на Отоманската Империја.

Ориенталната криза од 1840 година[уреди | уреди извор]

Европските сили се согласиле да ги користат сите можни средства за убедување за да го постигнат овој договор, но Мухамед Али, поддржан од Франција, одбил да ги прифати нејзините услови во даденото време. Тоа довело до ориенталната криза од 1840 година, а британските и австриските сили го нападнале градот Ако, поразувајќи ги неговите трупи кон крајот на 1840 година. Силите на Мухамед Али се соочиле со зголемен воен притисок од Европа и Отоманската Империја, водејќи загубена битка против бунтовниците на нејзините заземени територии и виделе општо влошување на нејзината војска од оптоварувањето на последните војни.

Мухамед Али конечно ги прифатил условите на Договорот и ферманите, издадени од султанот, потврдувајќи го неговото владеење со Египет и Судан. Тој се повлекол од Сирија и Крит и ја врати назад османлиската флота. Лондонскиот договор и ферманите биле правна основа за статусот на Египет како привилегирана османлиска покраина. Подоцна египетските националисти ги цитирале да ги дискредитираат тврдењата за британското заземање.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Geoffrey G. Butler, Simon Maccoby, The Development of International Law, p. 440

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Goldschmidt, A.; Johnston, R. (2004), Historical Dictionary of Egypt (3rd ed.), American University in Cairo Press, p. 243
  • Berger, M. (1960), Military Elite and Social Change: Egypt Since Napoleon, Princeton: Center for International Studies, p. 11
  • Rich, N. (1992), Great Power Diplomacy, 1814–1914. Boston: McGraw-Hill.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]