Битка кај Лугош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Лугош
Дел од Голема турска војна
Battle of Lugos September 1695.jpg
Датум 21 септември 1695
Место Лугош, Кралство Унгарија (денес:Романија)
Исход Отоманска победа
Завојувани страни
Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Отоманско Царство
Команданти и водачи
Сила
Непознато Непознато
Жртви и загуби
Големи[1] Големи[1]

Битка кај Лугош — битка која се одвила на 21 септември 1695 година во близина на градот Лугош во источен Банат, помеѓу силите на Отоманското Царство и силите на Хабсбуршката Монархија како дел од Големата турска војна.

Позадина[уреди | уреди извор]

Австрискиот фелдмаршал, Федерико Амбросио Ветерани ди Урбино, убиен за време на битката

До 1695 година, Отоманското Царство презело офанзива кон изгубените територии. Султанот Мустафа II наредил обновување на нападот во Трансилванија и неговата војска набргу потоа ја зазела Липова. Бранејќи го регионот Банат австрискиот фелдмаршал, Јохан Фридрих Амбросиус фон Ветерани логорувал блиску до Липова, со војска од 7.000 луѓе. [2]

Битка[уреди | уреди извор]

Османлиите напредувале од Липова и се судриле со христијанската војска, генералот Ветерани не бил во можност да формира спој со царската армија на Саксонија на чие чело се наоѓал Август II Силниот. Битката предизвикала големи загуби на двете страни. Филдмаршалот Ветерани бил заробен од Турците и обезглавен. [3] Во оваа битка загинале и капетанот Страхиња и Антоније Знориќ, команданти на единиците на српската милиција во рамките на австриската војска. [4]

Последици[уреди | уреди извор]

Големата турска војна продолжила сè до смената на Август со Егениј Савојски како врховен командант и како последица на конечниот пораз на Отоманското Царство две години подоцна во Сента. [5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Vukcevich, I. (2013). Croatia 2: Ludwig Von Gaj Opposes Croatia'S Hungarian Heritage. Xlibris US. ISBN 978-1-4836-5223-8.
  2. Coxe, William (1820).
  3. Jaques, Tony (2007). Dictionary of Battles and Sieges: F-O. Greenwood Publishing Group. стр. 605. ISBN 9780313335389. Посетено на 17 July 2011.
  4. Gavrilović, Slavko (1993), Iz istorije Srba u Hrvatskoj, Slavoniji i Ugarskoj : XV-XIX vek (српски), Belgrade: Filip Višnjić, стр. 26, ISBN 978-86-7363-126-4, OCLC 32079053, Посетено на 15 December 2011, Тих дана, у бици код Лугоша у Банату пао је и тадашњи командант српске милиције у Ердељу, пуковник Антоније Знорић
  5. Jaques, T.; Showalter, D.E. (2007). Dictionary of Battles and Sieges: F-O. Dictionary of Battles and Sieges: A Guide to 8,500 Battles from Antiquity Through the Twenty-first Century. Greenwood Press. стр. 590. ISBN 978-0-313-33538-9.