Прејди на содржината

Николај Игнатјев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николај Игнатјев
Роден(а)29 јануари 1832
Санкт Петербург
Починал(а)3 јули 1908

Гроф Николај Павлович Игнатјев (руски: Граф Никола́й Па́влович Игна́тьев; 29 јануари [ст. ст. 17 јануари] 1832 – 3 јули [ст. ст. 20 јуни] 1908), бил руски државник и дипломат, познат по неговиот агресивен експанзионизам во поддршка на рускиот империјализам. Во справувањето со Кина тој и обезбедил голема територија на Русија со мултилатералниот договор од Пекинг во 1860 година.[1] Како руски амбасадор во Османлиската империја од 1864 до 1877, тој делувал на раздвижување на сесловенското чувство и национализам против Османлиите, и имал одреден удел во Априлското востание од 1876 во Бугарија. Тој ја охрабрувал својата влада да ѝ прогласи војна на Турција во 1877, и по одлучната руска победа го преговарал Санстефанскиот договор во 1878. Со тоа значително се зајакнало руското влијание на Балканот. Сепак Велика Британија и Австроунгарија се спротивставиле на договорот и подоцна тој бил ревидиран.

  1. John L. Evans, Russian Expansion on the Amur, 1848-1860: the Push to the Pacific (Edwin Mellen Press, 1999).