Низам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Низам претставува серија од политички и воени реформи кои биле спроведени од страна на султан Селим III. Овие реформи предвидувале регрутација на армија, нови даноци, законски прописи и строго административна централизација на земјата. Овој термин подоцна се однесувал за новата редовна армија која била формирана.

Како една од причините за модернизација на османлиската војска била инвазијата на Наполеон во Египет и Сирија, бидејќи османлиската армија далеку заостанувала во поглед на војската од Западна Европа во однос на организациона структура, технологија и стратегии. Овие реформи биле подобрени од следбениците на Селим III, Махмуд II и Абдул Меџид I и на крајот кулминирале со Танзиматот (реорганизација) кои целосно ја модернизирале земјата.

Во периодот од 1829 до 1855 година новата армија постојано се подобрувала на чело со новите воени старешини. Војниците биле опремени со униформи по европски стил и образувани според европските стандарди. Самиот Абдул Меџит I тврдел дека доколку војната со Русија од 1829 година се водела во 1855, резултатот ќе бил многу поинаков.