Битка кај Лесковац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Лесковац
Дел од the Османлиски војни во Европа
Датум 24 септември, 1454
Место Near Лесковац
Исход Српска победа
Завојувани страни
Српско деспотство Османлиско Царство
Команданти и водачи
Никола Скобаљиќ непознато
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Битката кај Лесковац се одвила на 24 септември 1454 година. По неуспешниот обид на Османлиите под раководство на Фируз бег во Битката кај Крушевац, во рацете на српското деспотство му останале две армии, една на Косово и една во Дубровица, односно денешен Лесковац. Tака, огромна османлиска армија тргнала од Македонија кон Србија. Tаа армија била пресретнета од Никола Скобаљиќ и била поразена.

Повод[уреди | уреди извор]

Србија како деспотство одржувала вазални односи со Отоманското Царство. Дошло до подобрување во односите со Османлиите по доаѓањето на Мехмед II на престолот, иако во тоа време, српскиот деспот морал да испрати одреден број трупи за Опсадата на Цариград. Така, српскиот деспот морал да помага при уривањето на ѕидините на овој град, чија обнова пред опсадата ја финансирал. Османлиите по падот на Цариград во 1453 година, охрабрени од победата, почнале сè повеќе да се вртат кон Српското Царство и другите балкански земји. По падот на Византија, султанот во 1454 година тргнал против Србија, под изговор дека Ѓураѓ Бранковиќ одржува врски со Унгарците, и дека не плаќа данок редовно.

Текот на битката[уреди | уреди извор]

Битката кај Лесковац се одиграла на 24 септември 1454 година во близина на Бања, на приодот кај Ново Брдо. За време на османслиската инвазија на север, две српски војски биле сместени на различни места, едната чекала на подрачјето на Косово, а другата го чувала реонот кај областа Дубочица, односно денес Лесковац. Самиот деспот го советувал војводата Скобаљиќ да ја избегне борбата, но војводата не го послушал. Голема отоманска војска од Софија се движела од правец на Македонија, кога Никола Скобаљиќ со својата војска во општи и интензивни борби успеал да им нанесат убедливи загуби на Османлиите, и да ја запрат инвазијата на реонот каде е денешна јужна Србија.

Никола Скобаљиќ подоцна продолжил со своите походи и напади врз османлиската војска во јужна Србија и реонот околу Лесковац, каде извојувал и неколку клучни победи против султановата војска. Султанот Мехмед II лично дошол да ја предводи војската во борба против српскиот војвода во Битката кај Трепање. Таму војводата Никола пружил жесток отпор, до последниот човек.[1] По оваа битка, Никола Скобаљиќ бил набиен на колец.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Babinger, Mehmed the Conqueror and His Time, (Princeton University Press, 1978), 110.