Опсада на Белград (1456)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Опсада на Белград
Siegebelgrade.jpg
Датум 4 јули – 22 јули 1456
Место Белград, Кралство Унгарија (денешна Србија)
Исход христијанска победа, повлекување на отоманската војска
Завојувани страни
Кралство Унгарија
Срби
европски крстоносци
Османлиска империја
Команданти и водачи
Iancu Hunedoara.jpg
Јанош Хунади
Fatih II. Mehmet.jpg
Мехмед II
Сила
околу 4.000 добро вооружени војници[1]

армија од околу 60.000[2]

200 бродови[3]

околу 30,000 војници[4]

200 бродови[5]

Жртви и загуби
? 28 топови

100 галии

13,000 војници [6]

Опсада на Белград (унгарски: Nándorfehérvári diadal, турски: Belgrad kuşatması) — втор обид на Отоманското Царство да го освои градот. Опсадата на градот траела од 4 јули до 22 јули 1456 година.[7] По Падот на Цариград, главен противник на Османлиите станало Кралство Унгарија. Султанот Мехмед II со својата огромна војска се упатил кон Смедерево, кој град бил престолнина на Српското Деспотство, и Белград кој претставувал најголемото унгарско упориште на јужната страна од својата граница.

Големите османлиски сили не ги дочекале обединети христијанските армии. Дури ниту самата Унгарија не постигнала договор околу заедничката војна против Османлиите. Војската која била бранета Белградската тврдина била предводена од Јанош Хунади, како и мал дел од српските сили на деспотството.

Еден од најзначајните настани од оваа опсада било уништувањето на османлиската флота на 14 јули 1456 година на реката Дунав. Согледувајќи дека градот нема да можат да го освојат преку Дунав, Османлиите се решиле да нападнат со сите свои сили по копнен пат на 21 јули. Опсадата на Белград, подоцна, била опишена како решавачка судбина за христијанството од страна на Папа Каликст III.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Papacy and the Levant, Kenneth M. Setton, page 177, 1984
  2. The Papacy and the Levant, Kenneth M. Setton, page 177, 1984
  3. History of the Ottoman Empire and modern Turkey, Stanford J. Shaw, page 63,1976
  4. The Papacy and the Levant, Kenneth M. Setton, page 174, 1984
  5. The Papacy and the Levant, Kenneth M. Setton, page 175, 1984
  6. The later Crusades, 1274-1580: from Lyons to Alcazar, Norman Housley, page 104
  7. Момчило Спремић, Ђурађ Бранковић и његово доба, Српска књижевна задруга, Београд 2002.
  8. Pope Calixtus III account from 14 August 1456 to the Burgundian bishop talking about the saviour of Christianity at Belgrade

Надворешни врски[уреди | уреди извор]