Опсада на Цариград (1394–1402)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Опсада на Цариград
Дел од Подем на Отоманското Царство и Отоманско-византиски војни
Map of Constantinople (1422) by Florentine cartographer Cristoforo Buondelmonte.jpg
Цариград во 1422 година
Датум 1394–1402
Место Цариград
Исход византиска победа
Завојувани страни
 Византија
Николопски Крстоносци
 Француско кралство
Отоманско Царство
Команданти и водачи
Византија Мануил II Палеолог
Византија Јован VII Палеолог
Француско кралство Жан Бусико
Бајазит I

Опсадата на Цариград во 1394–1402 година — долга блокада на главниот град на Византија од страна на османлискиот султан Бајазит I. Веќе во 1391 година, брзите османлиски освојувања на Балканот го отсекле градот од неговата заднина. Откако ја изградил тврдината Анадолски Хисар за да го контролира теснецот Босфор, од 1394 година наваму, Бајазит се обидел да го изгладне градот во потчинетост блокирајќи го и по копно и, помалку ефикасно, по море.

Крстоносна војна во Никопол била покрената за да го ослободи градот, но таа била решително поразена од Османлиите. Во 1399 година, пристигнале француски експедициони сили под водство на Жан Бусико, но не биле во можност да постигнат многу. Ситуацијата станала толку ужасна што во декември 1399 година, византискиот цар Мануил го напуштил градот за да ги обиколи земјите на Западна Европа во очајнички обид да обезбеди воена помош. Царот бил дочекан со почести, но не обезбедил дефинитивни ветувања за поддршка. Цариград бил спасен кога султанот морал да се спротивстави на инвазијата на Тимур во 1402 година. Поразот на Бајазид во битката во Анкара во 1402 година и османлиската граѓанска војна што следела, дури им овозможило на Византијците да повратат некои изгубени територии, според Договорот од Галиполи.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Barker, John W. (1969). Manuel II Palaeologus (1391-1425): A Study in Late Byzantine Statesmanship. New Brunswick: Rutgers University Press. hdl:2027/heb.02900.0001.001.
  • Bernincolas-Hatzopoulos, Dionysios (1983). „The First Siege of Constantinople by the Ottomans (1394-1402) and its Repercussions on the Civilian Population of the City“ (PDF). Études Byzantines. 10 (1): 39–51.
  • Brandejs, Jan (2015). „The Russian Aid to Byzantium during the Turkish Siege of Constantinople, 1394–1402“ (PDF). Prague Papers on the History of International Relations (1): 7–16.
  •  
  • Necipoğlu, Nevra (2009). „The First Challenge: Bayezid I's Siege of Constantinople (1394–1402)“. Byzantium between the Ottomans and the Latins: Politics and Society in the Late Empire. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 149–183. ISBN 978-1-107-40388-8.

Наводи[уреди | уреди извор]