Опсада на Санта Маура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Опсада на Санта Маура
Дел од Морејска војна
и Голема турска војна
Piazza di Sta Maura - Peeters Jacob - 1686.jpg
Бомбардирањето на замокот од страна на венецијанската флота (Јакоб Питерс, 1686 година)
Датум 21 јули – 6 август 1684
Место Лефкада, Грција
Исход Венецијанска победа
Завојувани страни
 Венецијанска Република
  • Грчки доброволци
Отоманско Царство
  • Албански и грчки помошници
Команданти и водачи
Франческо Моросини Беќир-ага
Сила
38галии
8 галеоси
непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Опсадата на Санта Маура - опсада која се одвила во периодот од 21 јули до 6 август 1684 година помеѓу силите на Венецијанската Република и Отоманското Царство и била воведна битка на Шестата Отоманско-венецијанска војна.

Од својата база на Крф, врховниот командант на Венеција, Франческо Морозини, водел флота од 38 галии, 8 галеоси и неколку помошни бродови (многу од нив обезбедени од Грците на Јонските Острови), опседнувајќи ја тврдината Санта Маура на островот Лефкада, кој бил под отоманска власт. Силите на опсадата биле надополнети од грчките доброволци од Јонските Острови. Опсадата траела до 6 август, кога командантот Беќир-ага, поклонувајќи се на притисокот од 500 Албанци и 200 Грци во гарнизонот на тврдината, му се предал на грчко-венецијанскиот благородник Анџело Деладецима[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chasiotis, Ioannis (1975). "Η κάμψη της Οθωμανικής δυνάμεως" [The decline of Ottoman power]. In Christopoulos, Georgios A. & Bastias, Ioannis K. (eds.). Ιστορία του Ελληνικού Έθνους, Τόμος ΙΑ΄: Ο Ελληνισμός υπό ξένη κυριαρχία (περίοδος 1669 - 1821), Τουρκοκρατία - Λατινοκρατία [History of the Greek Nation, Volume XI: Hellenism under Foreign Rule (Period 1669 - 1821), Turkocracy – Latinocracy] (in Greek). Athens: Ekdotiki Athinon. p. 20