Битка кај Штип (1689)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Штип
Дел од Голема Турска војна
Карпошово востание
Датум 10 ноември 1689 година
Место Штип, Македонија
Исход Христијанска победа
Завојувани страни
 Свето Римско Царство Османлиско ЦарствоОсманлиско Царство
Команданти и водачи
Свето Римско ЦарствоГеорг Холштајн Османлиско ЦарствоНепознато
Сила
Непознато околу 6.000
Жртви и загуби
Непознато најмалку 2,000 мртви


Битката кај Штип — битка која се одвила на 10 ноември 1689 година помеѓу хабсбуршките и отоманските сили кај Штип, како дел од Големата турска војна[1][2].

Позадина[уреди | уреди извор]

По палежот на Скопје, Австријците продолжиле со своите пробиви во длабочина на Македонија, кои ги правеле со цел да извршат набљудување на теренот за да спречат и разбијат концентрација на непријателските сили. Еден таков продор направил херцогот Георг Холштајн, кој ја презел командата од Пиколомини, кој починал од колера.

Битка[уреди | уреди извор]

Дознавајќи дека во Штип е концентрирана турската војска, тој одлучил со ненадеен напад да ја разбие и истера од градот. Тргнувајќи од логорот кај кумановското село Оризари, австриските одреди на Холштајн стигнале пред Штип во зората на 10 ноември 1689 година. Овде дошло до најжесток и најголем судир меѓу австриската и турската војска на територијата на Македонија. Битката резултирала со убедлива победа на Хабсбуршката Монархија.

Османлиите биле потполно разбиени. Оставајќи зад себе околу 2.000 убиени, тие биле принудени на повлекување. Австријците го запалиле градот и потоа се вратиле кон Косово носејќи со себе голем плен од неколку илјади грла стока. На враќање тие разбиле уште еден турски извидувачки одред од 300 луѓе[3].

Последици[уреди | уреди извор]

По две години, во 1691 година, Штип повторно бил освоен од Османлиите[4].

Градот претрпел големи оштетувања. По овие страдања, Штип не можел да закрепне сè до XIX век[5]. За австрискиот успех кај градот Штип, во Венеција бил штампан вонреден извештај за успехот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Покрај другите за бит ката кај Штип пишува я Д. Бојаниќ-Лукач во в. т. на стр. 161 и во бел. 90 — на стр. IV, 148. Според мислењето на Д. Б . — Лукач „najbolji opisi” за навлегувањето на австриската војска во Штип ги даваат: Theatri Europaei. . . , XIII, од 1698 год., 648—649, потоа J. С. Feigius, Wunderbahrer Adlers—Schwung II Theil, 517—519 и најнакрај C. Contarini, Istoria della Guerra di Leopoldo P r im o.. .II, 169. Меѓутоа Д. Б. — Лукач не го имала на рака ракописот на J. Browne, нити го Користела директно и во целина известувањето за таа битка во Annotationes.
  2. За бојот кај Штип Гебра пишувал предимно според Annotations. Меѓутоа таму има неточности во датирањето на настанот а има и нејасности во известувањето за составот на турската војска. Така во Annotations на В. 37 стои: „...welche Sach die Vermessenheit der Barbare wachsen machte, also dass sie eben unter demselben Bassa (се мисли на Achmet der Bassa von Sophia b. m.) sich in 3000 Mann Türcken und Tataren zusammenzogen und viel von Stippo gefluchteten Volck, aufdas neue an desselbe Orth führeten.. Нешто подолу во текстот пишува дека во Штип имало 3000 неверници на Мамут-паша некогашниот командант на Скопје заедно со уште 3000 муслимани, вкупно 6000 и тоа во мнозинство кавалерија освен 80 јаничари и многу Албанци („allwo zu denen schon gemeldeten 3000 Ungläubigen der Bassa Mamuth vorhmaliger Commendant von Scopiam it anderen 3000 Mahometanern in dessen gestossen und also in 6000 meistentheils Cavallerie ausser 80 Janitscharen und vieler Arnauten starck waren.”)
  3. [eprints.ugd.edu.mk]
  4. [Општина Штип - Историја на градот]
  5. Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 7.