Бајо Пивљанин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бајо Пивљанин убива Турчин (1878), од српскиот сликар Аксентије Мародиќ (1838–1909)

Бајо Пивљанин - ајдутски старешина (арамбаша) од крајот на XVII век. Неговото вистинско име е Бајо Николиќ, сердар во Бока Которска во служба на венецијанската власт. Погинал во 1685 година во познатата битка против Сулејман-ага која се одиграла на Вртијељци, во близината на Цетиње.[1] За Бајо Пивљанин е испеана втората најбројна група ајдучки песни во српското народно творештво,[2] а попознати песни посветени на него се: „Зошто Бајо замина во ајдуци“, „Бајо Пивљанин и бегот Љубовиќ“ итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 152.
  2. „Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 145.