Прејди на содржината

Бајо Пивљанин и бегот Љубовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бајо Пивљанин и бегот Љубовиќ (српски: Бајо Пивљанин и бег Љубовић) - српска епска (ајдучка) песна.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Бегот Љубовиќ му испраќа писмо на Бајо Пивљанин канејќи го на двобој, зашто го убил брат му. Бајо му одговара дека се кае за убиството на брат му и дека сака да се смират, ветувајќи му стотина дукати. Меѓутоа, бегот не ги прифаќа парите, туку бара Бајо да дојде и да му се поклони. Тогаш, Бајо го отфрла барањето, оди кај својот побратим Мато-Његошевиќ, а потоа се појавува на договореното место каде го чека бегот. Притоа, Бајо го испратил побратимот да провери дали бегот има панцири, но бегот го поткупил Мато да не му ја каже вистината на Бајо. За време на борбата, Бајо не може да го повреди бегот и затоа, служејќи се го рацете, го соборува на земја и со забите му го скинал грлото. Потоа, Бајо го убива побратимот Мато, но го поштедува слугата на бегот. Најпосле, откако ги зема облеката, оружјето и богатството на бегот, тој оди крај морето за да побара лекар кој ќе му ги излечи раните.[1]

Осврт кон песната

[уреди | уреди извор]

Покрај Бајо Пивљанин, во песната се појавуваат уште две историски личности - бегот Љубовиќ од Невесиње, Херцеговина и ајдутскиот арамбаша Мато Његошевиќ. Од друга страна, слугата на бего, Шабан-ага, можеби е автентична личност.[2]

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 110-116.
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 152.