Изборно Кнежевство Баварија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Изборно Кнежевство Баварија
Kurfürstentum Bayern
Вазалство
Bavaria Arms.svg
1623 – 1806
Знаме Грб
Баварија на картата на Светото Римско царство во 1648 година
Главен град Минхен
Уредување феудална монархија
Изборен кнез
 -  1623–1651 Максимилијан I
 -  1651–1679 Фердинанд Марија
 -  1679–1726 Максимилијан II
 -  1726–1745 Карло Албрехт
 -  1745–1777 Максимилијан III
 -  1777–1799 Карло Теодор
 -  1799–1805 Максимилијан IV
Историски период среден век
 -  Granted electoral dignity 1623
 -  Вестфалски мирен договор 1648
 -  Царска забрана 1706
 -  Укинување на забраната 1714
 -  Лична унија со
    Курпфалц

1777
 -  Претворено во кралство 1806

Изборно Кнежевство Баварија (германски: Kurfürstentum Bayern) — територија на Светото Римско Царство, создадена од Војводство Баварија во 1623 и опстојувала до 1806 година. Главен град бил Минхен со владејачка династија Вителсбах.

Географија[уреди | уреди извор]

Изборното Кнежевство Баварија опфаќала територии од денешна Горна Баварија, Долна Баварија, и Горен Пфалц. Пред 1779 година во нејзиниот состав била и Инвертел, денес дел од Австрија, која била отстапена на Хабсбурговците со договорот од Чешин, според кој договор бил ставен крај на војната за баварското наследство.

Историја[уреди | уреди извор]

17 век[уреди | уреди извор]

Максимилијан II Емануел
Карло Теодор

Во 1620 година силите на Католичката лига на чело со баварскиот генерал, грофот Јохан Церклас Тили победиле во битката на Бела Планина кај Прага против простестантите. Во знак на благодарнност, баварскиот војвода Максимилијан I во 1623 година ја добил титулата изборен кнез и на тој начин Баварија станала изборно кнежество. По отстранувањето на Фридрих V од империјата, Максимилијан I го добил Горен Пфалц[1]

До 1630 година Баварија останала надвор од зоната на борбените дејства на започнатата во 1618 година Триесетгодишна војна. Со влегувањето на Шведска во војната, предводена од кралот Густав II Адолф, работите за Баварија се промениле. На 14 април Максимилијан I и Јохан Церклас Тили биле поразени во близина на Рајна. Шведската војска започнала последователно да ги зазема Нирнберг, Донауверт и Аугсбург пред да престигне пред Минхен. Шведскиот крал бил придружуван од Фридрих V. По битката кај Лицен во која шведскиот крал загинал, градот Минхен бил окупиран повторно во 1633 година. Во следните пет години Баварија немала поголеми воени активности, но во пролетта 1648 година Швеѓаните и Французите повторно започнале напади кон Фрајзинг[1].

Според Вестфалскиот мировен договор од 1648 година, со кој се ставило крај на Триесетгодишната војна, владетелската титула на Максимилијан и териториите на Баварија биле потврдени. Сепак Баварија била една од најпогодените војводства во текот на војната [1].

Во 1670 година Фердинанд Марија потпишал договор со кој Баварија најавила неутралност кон Франција и Хабсбуршката династија. Луј XIV го обезбедил финансирањето на 6.000 пешаци и 3.000 коњаници, за да се осигури дека хабсбуршките војници нема да поминат низ Баварија[2].

На 26 јануари 1683 година Максимилијан II Емануел потпишал договор со Леополд I за одбранбен сојуз против Османлиите и баварските војници учествувале во заштитата на Виена во јули истата година. Тоа го оддалечило од Французите, кое добело до ограбување на Пфалц од страна на Франција по кое баварските војници под команда на изборниот кнез учествувале во битките против Французите во Стенкерк, Нервинден и Намур[3].

Во 1701 година Баварија влегла во Војната за шпанското наследство. По поразот во битката кај Хехштет на 13 август 1704 година Максимилијан II бил протеран од Баварија во Холандија. Во есента 1705 година поради притисокот од австриската окупација започнало востание во Горен Пфалц. Селаните успеале да ги заземат градовите како Бургхаузен, Браунау и Шердинг. Во ноќта на Божиќ околу 3.000 бунтовници пристигнале пред портите на Минхен, но градот бил заштитен и илјада од нив биле убиени. Овој настан ја одбележила трајната баварска омраза кон Австрија. Според Рашатскиот мировен договор Баварија била вратена на Максимилијан II Емануел[3].

Започнатиот процес на претворање на Баварија во апсолутна монархија продолжил и во времето на продолжува кај Фердинанд Марија и бил завршен од Максимилијан II Емануел[4].

18 век[уреди | уреди извор]

Во 1736 година изборниот кнез на Баварија Карл Албрехт учествувал со војска од 8.000 луѓе на страна на Карло VI против Османлиите[5].

Во почетокот на владеењето, Карло Албрехт, за разлика од својот татко, Максимилијан II Емануел, водел економска и финансиска политика. Баварија се здобила со постојана војска од 30.000 луѓе [6].

Со договорот од Нимфенбург од 28 мај 1741 година Баварија влегла во Војната за австриското наследство во сојуз со Франција, Шпанија, Савоја и Прусија. Баварија ја зазела Прага на 26 ноември 1741 година и на 12 февруари 1742 година Карло Алберт бил крунисан за цар на Светото Римско Царство под името Карло VII. Два дена по неговото крунисување, војниците на Марија Терезија го нападнале Минхен. Царот Карло VII морал да се откаже од териториите на Хабсбурговците и ја загубил Баварија. Живеел во егзил во Франкфурт до враќањето во Баварија на 23 ноември 1744 година. Карло VII починал на 20 јануари 1745 година и Баварија излегла од војната[5].

Баварија се наоѓала во полоша состојба на крајот на Војната за австриското наследство отколку по Триесетгодишната војна. Земјата имала долг од 32 милиони гуленди. Максимилијан III Јосиф се откажал од намерите на своите предци да ја издигне Баварија во голема сила и ја задржал својата неутралност за време на Седумгодишната војна. Во 1751 година бил објавен Максимилијанов кривичен законик (Codex Maximilianeus Juris Criminalis) според кој биле кодифицирани казните. Исто така биле забранети и некои практики при обезглавувањето на телата, но биле воведени многу построги казни како за крадците. Истовремено за првпат во историјата на Баварија бил воведен данок врз богатството на опатијата и биле поставени темелите на државна контрола над црквата[7].

Во 1759 година била формирана Баварската академија на науките во Минхен, а во 1771 година биле спроведени училишни реформи, воведување задолжително посетување на училиште[7]. Поради недостатокот на директен наследник на круната, по смртта на Максимилијан III Јосиф, изборниот кнез на Баварија станал Карл Теодор. Така пет века по поделбата на Баварија и Пфалц, двете територии биле повторно обединети [8]. Изборното кнежевство започнало да се нарекува Двојно-изборно кнежевство (Doppel-Kurfürstentum Pfalzbaiern).

На 3 јануари 1778 година бил потпишан договор според кој областа околу Штраубинг била дадена на Австриската монархија. Подоцна Баварија ја отстапила на Австрија и Инфиртел - северозападниот дел на Горна Австрија, вклучувајќи ги Браунау и Шердинг

Во 1784 година изборниот кнез ги забранил тајните општества, вклучувајќи го обде и Орденот на Илуминатите. По 1789 година започнала реорганизација на армијата истовремено во Баварија и Пфалц, која придонела до нивно дополнително зближување.

19 век[уреди | уреди извор]

По смртта на Карл Теодор, тој не оставил свои наследници. Изборен кнез на Баварија станал Максимилијан I Јосиф. Баварија влегла во Втората антифранцуска коалиција со неподготвеност и принуда[9].

Максимилијан фон Монжела работел 18 години како министер за надворешни работи. Неговата работа придонела до присоединување кон територијата на Баварија на неколку црковни кнежевства, како и 13 опатии на империјата и 15 царски градови. Во замена Баварија ги изгубила Пфалц-Биркенфелд, Пфалц, Манхајм и Хајделберг. во периодот од 1801 и 1803 година биле затворени 74 манастири, што довело до промена на сопствениците на над половина од аграрната сопственост. Монжела работел за афирмација на владеењето на државата над црквата по примерот на француските револуционери. Откако во 1801 година во Минхен за првпат протестантите добиле државјанство, во 1803 година Рајхстагот овозможил пенетрација на протестантското население под баварскиот суверенитет[9].

На 24 август 1805 година Баварија се приклучила во коалиција со Франција во Војната на третата коалиција. Според мировниот договор од 26 декември 1805 година Баварија добила територии со површина 28.000 km² и 600.000 нови жители. Баварија го отстапила само Вирцбург[9].

На 18 јануари 1806 година Наполеон Бонапарт ја издигнал Баварија во кралство.[10], а Максимилијан IV Јосиф станал Максимилијан I Јосиф.

Владетели[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 55-57. ISBN 9789543204236. 
  2. Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 63-64. ISBN 9789543204236. 
  3. 3,0 3,1 Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 66-69. ISBN 9789543204236. 
  4. Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 51-70. ISBN 9789543204236. 
  5. 5,0 5,1 Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 71-75. ISBN 9789543204236. 
  6. Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 77. ISBN 9789543204236. 
  7. 7,0 7,1 Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 83-85. ISBN 9789543204236. 
  8. Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 86-92. ISBN 9789543204236. 
  9. 9,0 9,1 9,2 Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 93-99. ISBN 9789543204236. 
  10. Otto Von Pivka (November 1980). Napoleon's German Allies. Osprey Publishing. стр. 3–. ISBN 978-0-85045-373-7. https://books.google.com/books?id=zPGyD3DYO9sC&pg=PA3. посет. 4 јули 2012 г.