Илуминати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Илуминати (множина од латински: illuminatus - “просветлени”) е име дадено на одредени групи, и историски и модерни, како и вистински и фиктивни. Историски, името се однесува посебно на Баварските Илуминати, тајно друштво од ерата на просветлувањето, основано на 1 мај, 1776 год.

Во модерното време, исто така се користи за да укаже на наводна организација за заговор која дејствува како прикриена “моќ зад престолот”, наводно контролирајќи ги работите во светот преку денешните влади и корпорации, обично како модерна инкарнација или продолжение на Баварските Илуминати. Во овој контекст, се верува дека Илуминатите управуваат настани кои ќе доведат до основање на Нов светски поредок.

Методологија[уреди]

Изработена од Адам Вајсхаупт за постигнување на целта.

  1. Како би се контролирале луѓето кои заземаат високи функции во државата или кои раководат со големи компании, се користат пари и сексуални слабости.
  2. Членовите на Илуминати кои предаваат во универзитетите, треба да направат од најталентираните студенти идни членови на Илуминатите.
  3. Влијателни луѓе, и специјално обучени студенти под контрола на братството, треба да дејствуваат зад сцената на сите владини, верски и финансиски организации, како агенти.
  4. Да се ​​контролираат сите СМИ и низ нив да убедуваат луѓето дека Светската Влада, ќе ги реши проблемите на луѓето.
  5. Финалната фаза, концентрирање на сите ресурси со цел да бидат скршени опозициските влади и создавање на единствена Светска Влада, која би била контролирана од братството на Илуминатите.

Разновидност[уреди]

Бидејќи illuminati во буквален превод од латински значи "просветлување" или "осветлување", сосема природно многу хетерогени организации се нарекле со истото име. Често тие тврдат дека се сопственици на гностични текстови или на други тајни информации, непознати за непосветените. Иметоиллуминатие во употреба од 14 век, воведено од Браќата на слободниот дух и во 15 век било прифатено од други следбеници, кои тврделе дека светлината на познанието доаѓа не од авторитетен и таен извор, туку од внатре, како резултат на високата свест, или со други зборови "просветлување".

== Истор како Поредок на Илуминатите, со почетно членство од петмина[1], од страна на езуитот Адам Вајсхаупт († 1830 год.), кој бил првиот професор по канонско право на Универзитетот Инголштат[2]. Движењето е моделирано според Масоните.

Во почетокот, Вајсхаупт планирал поредокот да го крсти “Совршените”. Групата исто така е нарекувана и Баварски Илуминати додека пак, движењето само по себе се нарекува Илуминизам. Во 1777 год., Карл Теодор станал владетел на Баварија. Тој бил поборник на просветлениот деспотизам и во 1784 год. неговата влада ги забранила сите тајни друштва, вклучувајќи ги и Илуминатите.

Во периодот кога на Илуминатите им било законски дозволено да дејствуваат, голем број влијателни интелектуалци и напредни политичари се сметале за членови, вклучувајќи го Фердинанд од Бронсвик и дипломатот Ксавиер фон Цвак, кој бил број два во работата и кога неговиот дом бил пребаран, бил најден голем дел од литературата на групата. Членовите на Илуминати им ветиле послушност на своите претпоставени. Членовите се поделиле во три мали класи, секоја со неколку степени.

Поредокот имал свои разграноци во повеќето држави на Европскиот континент; наводно имаl околу 2,000 членови за период од десет години[3]. Организацијата била атракција за луѓе од книжевноста, како што се Јохан Волфганг фон Гете и Јохан Готфрид Хердер, па дури и за владејачките војводи од Гота и Вајмар. Вајхаупт ја моделирал својата група до некој степен на Масонство, и голем број поглавја од членството, Илуминатите го формирале според постоечката Масонската ложа. Внатрешните несогласувања и паниката едноподруго, претходеле за нејзината пропаст, што била извршена од Секуларниот Едикт, формиран од Баварската влада во 1785 год.

Барел и Робинсон[уреди]

Едиктот од 2 март, 1785 год. очигледно бил “смртоносен удар за Илуминатите во Баварија”. Вајсхаупт избегал, а документите од групата биле одземени, за потоа да бидат објавени од страна на владата во 1787 год.

Помеѓу 1787 и 1789 год., биле објавени Мемоари кои ја илустрираат историјата на јакобинизмот од Августин Барел и Докази за заговор од Џон Робинсон, кои ја поддржувале теоријата дека Илуминатите преживеале и претставиле тековен меѓународен заговор, вклучувајќи го фактот дека тие стоеле зад Француската револуција. Двете книги се покажале како многу популарни, поттикнувајќи ги останатите да ги цитираат и издаваат, како онаа на Пречесниот Сет Пејсон. Некои одговори биле критички, како книгата на Жан-Жозеф Мони, Влијанието кое се припишува на Филозофите, Масоните и Илуминатите на Револуцијата на Франција.

Стравот од Илуминатите на Нова Англија[уреди]

Делата на Робинсон и Барел стигнале и до САД. Преку Нова Англија, Пречесен Џедајдаја Морс и други проповедници против Илуминатите, нивните отпечатени проповеди, и предметот по весниците. Загриженоста исчезна во првата декада од 1800 год., иако малку заживеала за време на Антимасонското движење од 1820-те и 1830-те.

Модерни Илуминати[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Нов светски поредок.

Писателите како, Марк Дајс, Дејвид Ајк, Текс Марс, Рајан Бурке, Жери Лина и Морган Грајкар, тврдат дека Баварските Илуминати преживеале, со веројатност до денешен ден. Многу од овие теории сметаат дека светските настани се контролирани и манипулирани од страна на тајно друштво, кое себеси се нарекува Илуминати. Теоретичарите на заговор тврдат дека многу значајни луѓе биле или се членови на Илуминатите. Претседателите на САД се честа цел на таквите тврдења[4].

Во прилог на прикриената тајна организација, одредени модерни слични групи, тврдат дека се “наследници” на Баварските Илуминати и отворено го користат името “Илуминати” за основањето на своите литургии. Некои, како што се повеќето групи кои се нарекуваат себеси некоја варијанта на “Поредокот Илуминати”[5][6], го користат името директно во името на нивната организација, додека пак, други, како што се Ордо Темпли Ориентис, го користат името како степен за иницијација во рамките на нивната организација.

Популарна култура[уреди]

Илуминатите се тема што се повторува во популарната култура. Она што упатува на таков вид организација, се појавува во многу измислени дела низ повеќе жанрови, појавувајќи се во новели како Илуминатус! Трилогија од Роберт Ши и Роберт Антон Вилсон, Ангели и демони од Ден Браун, Паднатите Ангели од Сузана Келс и Бернард Корнвел, и Илуминатите од Лери Баркет; во филмовите како Лара Крофт: Томб Рајдер, на телевизија како и во анимираното телевизиско шоу на Дизни Гаргојлс; во видео игри како Дос Екс; во стрип серии како Нови Одмаздници: Илуминати; како и во картите за тргување и коцкарските игри како Самрак на Боговите.

Наводи[уреди]

  1. Stauffer 1918, pp. 133-134.; Stauffer, Vernon (1918). „New England and the Bavarian Illuminati“. NY: Columbia University Press. OCLC 2342764. http://books.google.com/books?id=nvY7AAAAIAAJ. 
  2. McKeown, Trevor W. (16 февруари 2009). „A Bavarian Illuminati Primer“. Grand Lodge of British Columbia and Yukon A.F. & A.M.. архивирано од оригиналот на 27 јануари 2011. http://www.webcitation.org/5w47O6KyR. 
  3. McKeown, Trevor W. (16 февруари 2009). „A Bavarian Illuminati Primer“. Grand Lodge of British Columbia and Yukon A.F. & A.M.. архивирано од оригиналот на 27 јануари 2011. http://www.webcitation.org/5w47O6KyR. 
  4. „The Barack Obama Illuminati Connection“. The Best of Rush Limbaugh Featured Sites. 1 август 2009. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2011. http://www.webcitation.org/5w4nMHN4J. 
  5. The Illuminati Order Homepage
  6. Official website of The Illuminati Order