Инфиртел

Координати: 48°18′N 13°24′E / 48.300° СГШ; 13.400° ИГД / 48.300; 13.400
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Инфиртел во Горна Австрија
Пејзаж околу Марија Шмолн

Инфиртел (буквално на германски за "Инска Четврт"; исто така викан Инкрајс) – историска област во Австрија југоисточно од реката Ин. Претставува западен дел од сојузната покраина Горна Австрија и граничи со германската сојузната покраина Баварија. Инфиртел е една од четирите историски "четврти" на Горна Австрија. Другите се: Хаусрукфиртел, Милфиртел и Траунфиртел.

Географија[уреди | уреди извор]

Оваа четврт ги опфаќа австриските окрузи Шердинг, Рид им Инкрајс и Браунау ам Ин. Поголеми градови во Инфиртел се окружните седишта Браунау ам Ин, Рид им Инкрајс и Шердинг како и Матигхофен и Алтхајм.

Пејзаж во Бургкирхен, округ Браунау ам Ин

Сместена во подножјето на австриските Алпи, руралниот Инфиртел зафаќа површина од приближно 2250 км2 и ја опфаќа долината на Ин, која е рамна и плодна и соседниот брановит крај на исток, кој е богат со гранит и јаглен.

Историја[уреди | уреди извор]

Од раниот среден век областа му припаѓала на германското етничко војводство Баварија и се викало Инбајерн. Била управувана од градот Бургхаузен и земјиштето зад реката Ин со векови имало две битни улоги: стратешки како источна одбранбена линија од растечкото Надвојводство Австрија и економски како обработливо земјиште за одгледување земјоделски култури. Во текот на Баварското народно востание против хабсбуршкиот император Јосиф I, краткотрајниот Парламент на Браунау се состанал во 1705 година, рано појавување на парламентарен систем во Светото Римско Царство.

По Војна за баварското наследствоВојната за баварското наследство и Тешенски договорТешенскиот договор во 1779 година Инфиртел му бил отстапен на Австрија.[1] За време на Наполеоновите војни повторно ѝ бил вратен на Баварија по Шенбрунскиот договор од 1809 година заедно со соседниот Хаусрукфиртел, но конечно станал дел од Австриското Царство во 1815 година согласно Финалниот акт на Виенскиот конгрес.

Зајдисонце во Бургкирхен

Демографија[уреди | уреди извор]

Денес Инфиртел има околу 215.000 жители во неговите градови, села и селца. Неговите баварски корени се гледаат во локалниот германски дијалект инфиртириш, западна централна австро-баварска варијанта слична на јазикот што се зборува во соседната Долна Баварија.

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Инфиртел е родно место на Франц Ксавер Грубер (композиторот на Тивка ноќ), оперскиот пејач Франц Ксавер Герл, семејството барокни вајари Швантхалер, СС генералот Ернст Калтенбрунер, беатификацираниот Франц Јегерштетер и физичарот Антон Цајлингер. Адолф Хитлер и дипломатот Егон Рансхофен-Вертхајмен биле родени во градот Браунау ам Ин на германската граница.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „225 Jahre Innviertel bei Oberösterreich“ (германски). Посетено на 3 January 2014.

48°18′N 13°24′E / 48.300° СГШ; 13.400° ИГД / 48.300; 13.400