Максимилијан III Јосиф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Максимилијан III Јосиф
Maximilian III Joseph of Bavaria by Georges Desmarées.jpg
Изборен кнез на Баварија
На престол 1745–1777
Претходник Карло Албрехт
Наследник Карло II Теодор
Сопружник Марија Ана Саксонска
Династија Вителсбаховци
Татко Карло Албрехт
Мајка Марија Амалија Хабсбург-Австриска
Роден(а) 28 март 1727(1727-03-28)
Минхен
Починал(а) 30 декември 1777(1777-12-30) (воз. 50 г.)
Минхен
Почивалиште Минхен

Максимилијан III Јосиф (германски: Maximilian III. Joseph Karl Johann Leopold Ferdinand Nepomuk Alexander von Bayern, роден на 28 март 1727 во Минхен - починал на 30 декември 1777 во Минхен) — владетел од династијата на Вителсбаховците како Изборен кнез на Баварија (1745–1777).

Рани години[уреди | уреди извор]

Максимилијан бил син на царот Карло Албрехт и неговата сопруга Марија Амалија Хабсбург-Австриска. Максимилијан учел на Инглоштатскиот универзитет. По смртта својот татко, Максимилијан го презел управувањето на Баварија.

Управување[уреди | уреди извор]

Три месеци по почетокот на владеењето, Максимилијан III Јосиф склучил сојуз со Марија Терезија, и на тој начин се откажал од претензиите на својот татко кон Хабсбурговците преку Војната за австриското наследство.

Максимилијан III се оженил на 9 јули 1747 година во Минхен за принцезата Марија Ана Саксонска (1728-1797), ќерка на полскиот крал Август III и неговата сопруга Марија Јосиф Австриска. Двајцата немале деца.

Во 1751 година бил објавен Максимилијановият кривичен законик (Codex Maximilianeus Juris Criminalis) преку кој биле кодифицирани казните и во духот на просветителството бил воведен принципот на еднаквост. Исто така биле отстранети и некои практики како што било на пример обезглавувањето, но биле воведени многу построги казни како бесилка за крадците. Максимилијан III Јозеф вовел данок на богатството на опатија и ги направил првите чекори кон зазимање на контрола над црквата.

Максимилијан III Јосиф се откажал и од намерите на своите предци да ја направи Баварија голема сила и бил неутрален за време на Седумгодишната војна. Обезбедувањето на долгогодишен му го донел на владетелот прекарот „Многусаканиот“. Во 1759 година била формирана Баварската академија на науките, а од 1771 година била воведена училишна реформа односно воведување задолжително одење на училиште.

Во 1777 година Максимилијан III починал од големи сипаници и бил погребан во Театинската црква во Минхен. Тој бил последен од баварската линија на Вителсбаховците. По кратката наследна војна, негов наследник станал Карло II Теодор.

Литература[уреди | уреди извор]

  • K. Theodor von Heigel, Maximilian III. Joseph. Allgemeine Deutsche Biographie (ADB), 21, Duncker & Humblot, Leipzig 1885, S. 27–30.
  • Alois Schmid: Maximilian III. Joseph. Neue Deutsche Biographie (NDB). Band 16, Duncker & Humblot, Berlin 1990, ISBN 3-428-00197-4, S. 485–487 (Digitalisat).
  • Andreas Kraus: Geschichte Bayerns: von den Anfängen bis zur Gegenwart. München, 1983 S.353-363
Максимилијан III Јосиф
Роден(а): 28 март 1727 Починал(а): 30 декември 1777
Владејачки титули
Претходник
Карло Албрехт
Изборен кнез на Баварија
1745–1777
Наследник
Карло II Теодор