Максимилијан I (Баварија)
Максимилијан I | |
---|---|
Војвода на Баварија | |
На престол | 15 октомври 1597 – 25 февруари 1623 |
Претходник | Вилхем V |
На престол | 23 февруари 1623 – 24 октомври 1648 |
Претходник | Фридрих V |
Наследник | Карл I |
Изборен кнез на Баварија | |
На престол | 25 февруари 1623 – 27 септември 1651 |
Наследник | Фердинанд Марија |
Роден(а) | 17 април 1573 Минхен |
Починал(а) | 27 септември 1651 Инголштат | (возр. 78)
Почивалиште | |
Сопруга | Елизабета Рената Лотарингска Марија Ана Австриска |
Деца | Фердинанд Марија Максимилијан Филип Хиронимус |
Династија | Династија Вителсбах |
Татко | Вилхем |
Мајка | Рената Лотарингска |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Максимилијан I (германски: Maximilian I, роден на 17 април 1573 во Минхен - починал на 27 септември 1651 во Инголштат) — владетел од баварската Династија Вителсбах, војвода на Баварија од 4 февруари 1598 година, по абдикацијата на неговиот татко[1], изборен кнез на Пфалц во периодот од 1623 до 1648 година и изборен кнез на Светото Римско Царство од 1623 година. Управувал во текот на Триесетгодишната војна.
Животопис
[уреди | уреди извор]Максимилијан бил син на војводата Вилхелм V (1548-1626) и Рената (1544-1602), ќерка на Франц I, војвода од Лорен. Тој бил запишан на језуитски колеџ и универзитет во Инголштат во 1587 година заедно со неговиот братучед, подоцнежниот цар Фердинанд II. На 4 февруари 1598 година застанал на местото на неговио татко, во време кога јавната каса била испразнета, поради кое започнал големи реформи во полицијата, судовите и армијата.
Во 1609 година Максимилијан I го добил правото да раководи со Католичката лига и го добил градот Донауверт од царот Рудолф II. Максимилијан и Јохан Церклас Тили за време на Триесетгодишната војна биле поразени во близина на Рајна. На 8 ноември 1620 година протестантите биле поразени во битката на Бела Планина кај Прага, во која учествале 25.000 баварци. Во знак за благодарност Максимилијан I во февруари 1623 година ја добил титулата изборен кнез. По отфрлањето на Фридрих V од царството, Максимилијан I го добил Горен Пфалц. Така Војводство Баварија станало изборно кнежевство. Неговите територии биле потврдени со потпишувањето на договорот од 1648 година.
Во негово време била реконструирена и проширена Минхенската резиденција, која се претворила во најголема палата во рамките на царството.
Кон крајот на својот живот Максимилијан I се ангажирал најмногу со религијата. Починал на 27 септември 1651 година за време на поклонение во Инголштат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 51–52. ISBN 9789543204236.
Максимилијан I (Баварија) Роден(а): 17 април 1573 Починал(а): 27 септември 1651
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Вилхем V |
Војвода подоцна Изборен кнез на Баварија 1597–1651 |
Наследник Фердинанд Марија |
Претходник Фридрих V |
Elector Palatine 1623–1648 |
Наследник Карл I |