Фердинанд Марија (Баварија)
Фердинанд Марија | |||||
---|---|---|---|---|---|
Изборен Кнез на Баварија | |||||
На престол | 27 септември 1651 – 26 мај 1679 | ||||
Претходник | Максимилијан I | ||||
Наследник | Максимилијан II Емануел | ||||
Роден(а) | 31 октомври 1636 Минхен | ||||
Починал(а) | 26 мај 1679 Минхен | (возр. 42) ||||
Почивалиште | јуни 1679 | ||||
Сопружник | Хенриета Аделхајд Савојска | ||||
Деца |
| ||||
| |||||
Династија | Династија Вителсбах | ||||
Татко | Максимилијан I | ||||
Мајка | Марија Ана Австриска |
Фердинанд Марија (германски: Ferdinand Maria, роден на 31 октомври 1636 во Минхен - починал на 26 мај 1679 во Минхен) — владетел од баварската династија Вителсбах како изборен кнез на Баварија од 1651 година до 1679 година.
Рани години
[уреди | уреди извор]Фердинанд Марија бил најстариот син на Максимилијан I и неговата втора сопруга Марија Ана Австриска (1610-1665), ќерка на царот Фердинанд II. Во времето кога стекнал искуство со државните работи со помош на Језуитите, неговиот татко го оженил со 14-годишната Хенриета Аделхајд Савојска на 11 декември 1650 година во Торино.
Неговата сопруга била внука на францускиот крал Анри IV и се обидела да го убеди да претендира кон царскиот престол против Леополд I, но Фердинанд го послушал советот на својата мајка и се повлечел. Во 1670 година Фердинанд потпишал договор со кој Баварија прогласила неутралност кон Франција и Хабсбуршката Монархија. Францускиот крал го обезбедил финансирањето на 6.000 војници и 3.000 коњаници, за да се осигури дека хабсбуршките војници нема да поминат низ Баварија.
Управување
[уреди | уреди извор]По смртта на неговиот татко во 1651 година тој во почетокот бил под регентството на својата мајка, додека неговиот чичко Албрехт станал негов државен администратор. Во периодот од 1662 до 1664 година Фердинанд Марија учествувал со своите сили во војната на Австрија против Османлиите.
По раѓањето на наследникот на престолот, Максимилијан II Емануел во 1662 година, започнала изградбата на палатата Нимфенбург и на театинската црква. На 17 февруари 1670 година Фердинанд склучил во Минхен со Франција еден десетгодишен сојузнички договор. Тој се задолжил да помага на француската кралска фамилија во нејзините барања од шпанското наследство. Франција платила 180.000 талери и се обврзала да плаќа годишно 400.000. Француските пари ги искористил за формирање на армија по француски стил.
Фердинанд Марија бил погребан во гробница на изградена од него Театинска црква во Минхен.
Семејство
[уреди | уреди извор]Фердинанд Марија се оженил на 25 јуни 1652 година во Минхен за принцезата Хенриета Аделхајд Савојска (1636 - 1676) и имале осум деца:
- Марија Ана Викторија Баварска
- Максимилијан Емануел
- Лујза Маргарета Антонија
- Лудвиг Амадеус Виктор
- мртво бебе
- Кајетан Марија Франц
- Јозеф Клеменс
- Виоланта Беатрикс
Освен тоа, Хенриета Аделхајд Савојска претрпела и три спонтани абортуси[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Marek, Miroslav. „Complete Genealogy of the House of Wittelsbach“. Genealogy.EU. Надворешна врска во
|publisher=
(help)Предлошка:Self-published sourceПредлошка:Better source
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Фердинанд Марија (Баварија)“ на Ризницата ? |
Фердинанд Марија (Баварија) Роден(а): 31 октомври 1636 Починал(а): 26 мај 1679
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Максимилијан I |
Изборен Кнез на Баварија 1651–1679 |
Наследник Максимилијан II Емануел |