Прејди на содржината

Ињево

Координати: 41°36′49″N 22°25′40″E / 41.61361° СГШ; 22.42778° ИГД / 41.61361; 22.42778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ињево

Панорамски поглед на селото Ињево, а во позадина се гледа градот Радовиш

Ињево во рамките на Македонија
Ињево
Местоположба на Ињево во Македонија
Ињево на карта

Карта

Координати 41°36′49″N 22°25′40″E / 41.61361° СГШ; 22.42778° ИГД / 41.61361; 22.42778
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 1.139 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22018, 22518
Надм. вис. 480 м
Ињево на општинската карта

Атарот на Ињево во рамките на општината
Ињево на Ризницата

Ињево (поретко како Инево) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.624 жители[2], со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Радовиш, под североисточната падина на планината Смрдеш. Ињево се наоѓа на регионалниот пат 2433 од Радовиш за Конче, во изворишното подрачје на Крива Лакавица.[4] Селото е рамничарско-ридско, сместено на надморска височина од 480 метри. Се наоѓа западно од градот Радовиш.[4]

До селото води асфалтен пат, кој е означен како регионален пат 2433.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Во 1897 година, во Дедино и Ињево се одвила Радовишката афера на МРО.[6]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 22 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 1.329 хектари, на пасиштата отпаѓаат 366 хектари, а на шумите 206 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[4]

Во селото постои традиција на изработување гајди.[7]

Поголемиот дел од населението кое живее во село Ињево главна егзистенција им е тутунопроизводството.

Панорамски поглед на Ињево, а во позадина се гледа градот Радовиш

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948802—    
1953900+12.2%
1961922+2.4%
19711.189+29.0%
19811.381+16.1%
ГодинаНас.±%
19911.496+8.3%
19941.546+3.3%
20021.624+5.0%
20211.139−29.9%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 740 жители, сите Македонци.[8] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Ињево имало 880 Македонци.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[10]

Во 1961 година селото броело 922 жители, од кои 917 биле Македонци, а пет жители Срби, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.546 жители, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година во селото Ињево, живееле 1.624 жители, од кои 1.623 Македонци и 1 Србин.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.139 жители, од кои 1.087 Македонци, 1 Албанец, 2 останати и 49 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 740 880 802 900 922 1.189 1.381 1.496 1.546 1.624 1.139
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Ињево е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[16]

  • Староседелци: Србовци или Ристовци (16 к.), Пендовци и Трајковци (12 к.), Цацалци и Јовановци (10 к.), Кранговци и Манасијевци (14 к.), Јешовци и Манојловци (10 к.), Китанци и Лазаревци (12 к.) и Божидаровци и Илијевци (10 к.).
  • Доселеници: Грнчаровци и Ѓоргевци (6 к.), Миндровци (2 к.) и Свиревци (5 к.), доселени се од околните села.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ињево било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Ињево, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1595 и 1596 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.421 гласач.[19] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.441 гласач.[20]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[5]
Цркви[21][22]
Манастири
Параклиси
Други свети места

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Во село Ињево секоја година традиционално се одржува Изворниот фолклорен фестивал „Гајда“.

Исто така се негува селската традиција на многу празници и прослави, таков пример е за време на празникот „Лазара“ каде што девојки облечени во селска носија одат од куќа на куќа и пејат песни.[23]

Личности

[уреди | уреди извор]
Починати во Ињево
  • Коста Мазнејков — револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на МРО

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во село Ињево активно работи и функционира Фудбалскиот клуб „ФК Бобовец“ кој се натпреварува во „Општинска фудбалска лига - Радовиш“.

Теренот на училиштето Орце Николов (фудбалско и кошаркарско игралиште), покрај користењето од училиштето, се користи и за одржување на турнирот во мал фудбал „Меморијален турнир - Ињево“, кој започнува на почетокот на месец август секоја година, а се организира во чест на тројца луѓе кои загинале во сообраќајна незгода во 2003 година.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 мај 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 30 мај 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 137. Посетено на 14 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник, София, 1993, стр. 213.
  7. „Изработувањето на гајди во с. Ињево од страна на инструменталистот Јован Митев – Вано“. www.semanticscholar.org. 2014. Посетено на 2022-01-14.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 234
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  17. „Отворена рурална аптека во село Ињево“. kanal5.com.mk. Посетено на 2022-01-14.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  20. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 14 јануари 2022.
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. „Ињевско-конченска парохија“. Брегалничка епархија. Посетено на 2010-09-17.[мртва врска]
  23. „Теренско истражување во село Ињево поврзано со верскиот празник Лазара“. eprints.ugd.edu.mk. 2012-04-08. Посетено на 2022-01-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]