Воиславци
Воиславци | |
![]() Поглед кон селото | |
Координати 41°35′14″N 22°28′16″E / 41.58722° N; 22.47111° EКоординати: 41°35′14″N 22°28′16″E / 41.58722° N; 22.47111° E | |
Општина | Општина Радовиш |
Население | 796 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22004 |
Надм. вис. | 380 м |
![]() |
Воиславци — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Воиславци се наоѓа на оддалаченост од 7 километри од центарот на Радовиш. Сместено е под пазувите на планината Смрдеш. Преовладува наизменично средоземноморска клима, која е погодна за одгледување на разни земјоделски производи.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Радовишката каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Воиславци живееле 340 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Воиславци имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 796 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 340[1] | 400[2] | 576 | 571 | 711 | 784 | 802 | 801 | 798 | 796 |
Родови[уреди | уреди извор]
Воиславци е македонско село.
Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
- Староседелци: Димчовци, Јовановци, и Ристовци (8 к.), Шукријовци, Спасовци, Јовановци, Илијевци и Николовци (18 к.), Грујовци и Стефановци (6 к.), Ќајци, Атанасовци, Мијаловци и Милевци (8 к.) и Чекрци, Андоновци и Трајковци (5 к.)
- Доселеници: Аневци и Албанци (4 к.) и Темелковци (6 к.) доселени се од некое околно село; Карабашеви (5 к.) и Димитријевци (4 к.) доселени се од селото Сулдурци.[5]
Oпштествени институции[уреди | уреди извор]
- цркви
- Училиште
-Подрачно основно училиште „Орце Николов“ с.Воиславци (работи во склоп на ОУ „Орце Николов“ с.Ињево, училиштето располага со соодветен наставен кадар кои работаат со учениците од прво до петто одделение).
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1594 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 634 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Добри Дол — средновековна некропола
- Прелози — средновековна населба;
- Ракишин Пат — средновековна населба;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Секоја година на 5 јануари се организира палење на Бадникарски оган, учество во организацијата земаат сите жители на селото.
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.234.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.138-139.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Ограбени четири цркви и манастир“. Утрински Весник. Посетено на 2010-09-17. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 325, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Воиславци“ на Ризницата ? |
|