Прејди на содржината

Сариѓол

Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоимената област во Егејска Македонија, погл. Сариѓол (област).
Сариѓол
Сариѓол во рамките на Македонија
Сариѓол
Местоположба на Сариѓол во Македонија
Сариѓол на карта

Карта

Координати 41°38′57″N 22°33′28″E / 41.64917°N 22.55778°E / 41.64917; 22.55778
Регион Југоисточен
Општина Радовиш
Население во атар10 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр.032
Шифра на КО
Надм. вис.637 м
Сариѓол на општинската карта

Атарот на Сариѓол во рамките на општината
Сариѓол на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Сариѓол — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на југозпадната падина на Плачковица, оддалечено 11 километри источно од Радовиш. Атарот зафаќа површина од 6 км2[3] Источно од селото тече реката Сирава, која се влева во Плавија (Плаваја) на јужниот крај од атарот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Сариѓол било турско село во Радовишката Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Сари Ѓол имал 75 жители, сите Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Сари ѓол живееле 124 Турци.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[6]

Во првите децении на XX век населението на Сариѓол значително нараснало, што се гледа од податокот на Гаџанов, како и од првите два пописа по Втората светска војна. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 75 — 134 150 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 265. ISBN 9989-862-00-1.
  4. ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  5. ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  6. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“. Архивирано од изворникот на 2023-08-18. Посетено на 2024-02-09.
  7. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]