Супурге
Супурге — село во Општина Радовиш, источна Македонија.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во областа Јуруклак, на јужните падини на планината Плачковица. Атарот зафаќа 4,5 км2.[1] Северозападниот дел на атарот излегува на вештачкото Тополничко Езеро. Се наоѓа во источниот дел на општината, 3 км југозападно од селото Коџалија и 11 км северозападно од градот Радовиш.
Историja[уреди | уреди извор]
Супурге традиционално е населено од групата Јуруци, кои се најстарите турски доселеници во Македонија, дојдени уште во XIV век.[1]
Вo XIX век Супурге било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Супурче имало 220 жители, сите Турци.[2]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Сјупјурге живееле 105 Турци.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Супурге е планинско село. Според податок од 1998 г. селото има 119 ха обработливо земјиште, 201 ха шуми и 118 ха пасишта.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | — | 117 | 132 | 72 | 46 | 82 | 66 | 61 | 56 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 56 жители. Следува табела на националната структура на населението според тој попис.[7]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Турци | 56 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1601 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објек.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 49 гласачи.[9]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 291. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|