Дурутлија
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Оваа статија се однесува на село во Радовишко. За слично нареченото село во Дојранско, погл. Дурутли.
Дурутлија (или Дурутли) — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено на јужната падина на Плачковица. Атарот е мошне скромен, со површина од 2,8 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Дурутлија било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Дурутли имало 50 жители, сите Турци.[3]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Дуруќој живееле 68 Турци.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во текот на 1950-тите селото е наполно напуштено, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Дурутлија немала ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 50 | — | 48 | 52 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 118. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|