Јаргулица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаргулица

Поглед на селото

Јаргулица во рамките на Македонија
Јаргулица
Местоположба на Јаргулица во Македонија
Јаргулица на карта

Карта

Координати 41°35′14″N 22°33′42″E / 41.58722° СГШ; 22.56167° ИГД / 41.58722; 22.56167Координати: 41°35′14″N 22°33′42″E / 41.58722° СГШ; 22.56167° ИГД / 41.58722; 22.56167
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 628 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2423
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22019
Надм. вис. 340 м
Јаргулица на општинската карта

Атарот на Јаргулица во рамките на општината
Јаргулица на Ризницата

Јаргулица — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 818 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Аргурица во XVI век (1519 г.). Се претпоставува дека доаѓа од личното име Јаргул, што веројатно е варијанта на Јорго или Георги или пак од личното име Аргул/Аргир со значење „сребро“.[4]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Радовишкото Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар на мал дел се допира со подрачјето на Општина Василево.[5] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 340 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 17,5 километри.[5]

Селото се наоѓа во јужното подножје на планината Готен, источно од општинскиот центар Радовиш.

До селото води асфалтен пат, кој се води како регионален пат 29471.

Историја[уреди | уреди извор]

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 18 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.018 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 521 хектар, а на пасиштата 142 хектари.[5]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948764—    
1953839+9.8%
1961627−25.3%
1971650+3.7%
1981743+14.3%
ГодинаНас.±%
1991777+4.6%
1994811+4.4%
2002818+0.9%
2021628−23.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јаргулица живееле 356 жители, од кои 200 Турци и 156 Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јаргулица имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Јаргулица живееле 351 жител, од кои 159 Турци и 192 Македонци.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци, 250 Македонци и 25 до 50 Власи.[10]

Јаргулица е средно по големина село, коешто во 1961 година броело 627 жители, од кои 520 биле Македонци, а 97 жители Турци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 811 жители, од кои 809 биле Македонци и двајца жители Турци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Јаргулица живееле 818 жители, од кои 816 Македонци и 2 Турци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 628 жители, од кои 567 Македонци и 61 лице без податоци.[11]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Јаргулица:

Година Македонци Турци Роми Власи Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 764
1953 365 417 41 16 0 0 839
1961 528 97 0 0 2 0 627
1971 642 8 0 0 0 0 650
1981 742 1 0 0 0 0 743
1991 774 2 0 0 0 1 777
1994 809 2 0 0 0 0 811
2002 816 2 0 0 0 0 818
2021 567 0 0 0 0 0 61 628

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Јаргулица во минатото било мешано македонско-турско село, но денес е целосно населено со македонско население.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[12]

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Ристовци со Филевци, Доневци и Коцевци (7 к.), Митковци со Јовановци, Поцевци и Коцевци (6 к.), Стојановци и Ристовци (6 к.), Малиновци и Стојчевци (1 к.), Мицевци со Милевци, Глигоровци, Јефтимовци, Тушевци и Николовци (9 к.), Доневци и Ѓоргевци (6 к.), и Јовановци (3 к.).
    • Доселеници: Наковци (2 к.) и Атанасовци (3 к.), доселени се во различен период од раселеното село Восанци.
  • Турски родови:
    • Доселеници: Михтаровци и Идризовци (10 к.), Рустеновци и Усеиновци (9 к.), Мустафовци и Шерифовци (10 к.) и Аметовци и Усеиновци (8 к.).

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Јаргулица било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Подареш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Јаргулица, се наоѓале и селата Дурутлија, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Подареш, во која влегувале селата Јаргулица, Подареш и Покрајчево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Архангел Михаил“

Во селото постои избирачкото место бр. 1621 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 648 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 678 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[6]
  • Восанци — средновековна населба; и
  • Симитли — населба од доцноантичкото време.
Цркви[17]
Реки[18]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи фудбалскиот клуб „Јака Радовиш“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 101. ISBN 978-608-220-026-2.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 140. Посетено на 16 јануари 2022.
  6. 6,0 6,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327. ISBN 9989-649-28-6.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  9. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  13. „Општина Радовиш | ВО ЈАРГУЛИЦА ОТВОРЕН НОВИОТ "ЦЕНТАР ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ". radovis.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2022-01-16. Посетено на 2022-01-16.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 14 јануари 2022.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 20. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]