Злеово
Злеово | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°33′21″N 22°35′58″E / 41.55583° СГШ; 22.59944° ИГДКоординати: 41°33′21″N 22°35′58″E / 41.55583° СГШ; 22.59944° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 960[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 2423 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22017, 22517 |
Надм. вис. | 310 м |
![]() |
Злеово (познато и како Злево) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 960 жители,[1] со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на левата страна на реката Струмица, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Василево.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 21 километар, додека од магистралата А4 помеѓу Радовиш и Струмица е оддалечено 2,5 километри.[4]
Селото се наоѓа во Радовишко-Струмичката котлина, во јужното подножје на планината Готен, источно од општинскиот центар Радовиш.
До селото води асфалтен пат, кој се води како регионален пат 29471.
Историја[уреди | уреди извор]
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Атарот на селото зафаќа простор од 17,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 938,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 682,1 хектар, а на пасиштата само 33,1 хектар.[4]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[4]
Население[уреди | уреди извор]
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злево живееле 400 жители, сите Турци.[6]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Злево живееле 433 Турци.[7]
Во 1961 година селото броело 656 жители, од кои 554 биле Македонци, а 101 жител Турчин, додека во 1994 година бројот се зголемил на 959 жители, од кои 955 биле Македонци и тројца жители Срби.[4]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Злеово живееле 928 жители, од кои 924 Македонци, 3 Срби и 1 останат.[1]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Злеово:
Години | Македонци | Турци | Роми | Срби | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | 807 |
1953 | 5 | 931 | 2 | 2 | 0 | 940 |
1961 | 554 | 101 | 0 | 1 | 0 | 656 |
1971 | 826 | 1 | 0 | 1 | 3 | 831 |
1981 | 975 | 0 | 0 | 2 | 2 | 979 |
1991 | 909 | 0 | 0 | 0 | 2 | 911 |
1994 | 955 | 0 | 0 | 3 | 1 | 959 |
2002 | 924 | 0 | 0 | 3 | 1 | 928 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови[уреди | уреди извор]
Злеово во минатото било турско село, но денес е целосно населено со македонско население.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[8]
- Турски родови:
- Староседелци: Османовци (8 к.) и Амедовци (3 к.), потурчени, мешајќи се со Турците.
- Доселеници: Салиевци (8 к.), Мустафовци и Корчовци (4 к.), Аметовци (5 к.), Дестановци (4 к.), Идрисовци (5 к.), Феизини (4 к.), Мамутовци (7 к.), Демировци (6 к.), Мемедовци (6 к.), Асановци (6 к.), Шерифовци (8 к.), Сулемановци (7 к.), Османовци (6 к.) и Алилевци (5 к.).
- Колонисти православни родови: Ражњатовиќи (2 к.), доселени се од Ријечка Нахија во Црна Гора; Мрвошевиќ (1 к.), доселени се од Пјештица во Црна Гора; Тодоровиќ (1 к.), доселени се од Горно Поле во Црна Гора; Јовичиќ (1 к.), доселени се од Шумадија.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Орце Николов“, подрачно деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Орце Николов“ - Ињево
- Месна заедница
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Злеово било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Подареш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Доброшанци, во која покрај селото Злеово, се наоѓале и селата Висока Маала, Доброшане, Кушкулија, Нивичани, Нова Маала, Сушево и Чанаклија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Злеово, во која влегувале селата Злеово и Кушкулија.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1623 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 698 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 692 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Желков Рид — средновековна населба;
- Кочишо — доцноантичка и средновековна населба;
- Сред Село — средновековен сакрален објект и некропола; и
- Сушејски Порој — градиште од доцноантичкото време.
- Цркви[12]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јануари 2022.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 20 јануари 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 45. Посетено на 12 јануари 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 234.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Посетено на 14 јануари 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|