Штурово
Штурово | |
![]() Поглед на селото Штурово | |
Координати 41°40′50″N 22°28′36″E / 41.68056° N; 22.47667° EКоординати: 41°40′50″N 22°28′36″E / 41.68056° N; 22.47667° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 11[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22050 |
Надм. вис. | 782 м |
![]() |
Штурово — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[1], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на јужните падини на планината Плачковица.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото Штурово било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Штурово имало 60 жители, сите Турци.[3]
До 1950-тите години, селото било населено исклучиво од Турци. Подоцна, турското население целосно го напуштило селото, а на нивно место се населиле Македонци. Во поново време, селото е во фаза на раселување.
Според пописот од 2002 година во селото Штурово, живееле 11 жители[1], сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 60 | — | 227 | 257 | 80 | 102 | 52 | 35 | 24 | 11 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Калаузлија, во која покрај селото Штурово, се наоѓале и селата Алилоба, Држаоци, Калаузлија, Каралоба, Караџалар, Чешме Маале и Шаинташ. Општина Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1604 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 11 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Курешњак — средновековна населба;
- Мезарл'к — средновековна некропола;
- На Ридот — средновековна некропола.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 мај 2016.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 25 мај 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 234.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 331, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|