Регионален пат 2431
Изглед
| Регионален пат 2431 | |
|---|---|
![]() Протегање на регионалниот пат | |
| Информации за правецот | |
| Должина: | 42,5 км |
| Поважни клучки | |
| Од: | Радовиш |
| До: | Аргулица |
| Местоположба | |
| Општини: | Радовиш, Карбинци |
| Патна мрежа | |
| Патишта во Македонија | |
Регионален пат 2431 (ознака: Р2431) — регионален пат во Македонија, со насока на движење југ-север. Има вкупна должина од 42,5 километри и 4 делници. Патот започнува во градот Радовиш и се искачува на Плачковица преку селото Козбунар и треба да прејде на другата страна кај селото Вртешка, но тој дел од патот не е проектиран и со тоа вкупната должина на патот не е во целост. На крај патот од Вртешка се спушта од Плачковица во штипскиот дел кај селото Аргулица.[1]
Делници
[уреди | уреди извор]Регионалниот пат 2431 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 4 делници.
| Делница | Почеток | Крај | Потег (км) |
|---|---|---|---|
| — | врска со |
0,0 | |
| 1621 | Радовиш (Воиславци) | Радовиш (бул. „Александар Македонски“) | 0,0 - 0,7 |
| 1622 | Радовиш (бул. „Александар Македонски“) | Радовиш (кружен тек) | 0,7 - 2,3 |
| 1623 | Радовиш (кружен тек) | Козбунар (Плачковица) | 2,3 - 21,5 |
| 1624 | Козбунар (Плачковица) | Аргулица | 21,5 - 42,5 |
| — | врска со |
42,5 | |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-02-13.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Регионален пат 2431 на пребарувачот на патишта на ЈПДП (во мени)
| ||||||||||||||||||
