Патишта во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на патната мрежа на Македонија.
Автопатот „Пријателство“ (А1).

Патишта во Македонија — патната сообраќајна мрежа на државни патишта во Македонија од национален, регионален и месен (локален) карактер. За патиштата е одговорно Јавното претпријатие за државни патишта, задолжено за управување, изградба, реконструкција, одржување и заштита на патиштата.[1]

Патниот сообраќај има најголем удел во вкупниот превоз на стока и патници во земјата, а внатрешниот сообраќај е позастапен од меѓународниот и транзитниот. Македонија има добро развиена и квалитетна патна мрежа во вкупна должина од 14.182 км. Тука влегуваат автопатишта, магистрални патишта, регионални и локални патишта. Главни оски на патната мрежа се паневропските коридори VIII (исток - запад) и X (север - југ).[1]

Регионалните патишта водат од поединечни места до главните коридори и магистралната мрежа и заедно со локалните патишта играат значајна улога во развојот на месните стопанства, вложувањата, малите претпријатија и земјоделството во Македонија.

Според податоците од 2019 г. сета државна патна мрежа има вкупна должина од 14.182 км, од кои 242 км се автопатишта, 911 км се магистрални патишта, 3.771 км се регионални, а 9.258 км се локални.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во повоениот период од 1945-1957 година, патиштата во Македонија се наоѓале во катастрофална состојба. Првите чекори во процесот на обновување на патиштата биле направени од новоформираните секции за патишта со седишта во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип, Битола и Охрид.

Координирањето на работата на секциите во тој период ја врши Републичката дирекција за патишта, која покрај другото се грижела и за проодноста и одржувањето на основната патна мрежа. Нивна примарна задача била обновата и реконструкцијата на дел од патиштата, а како резултат на тоа биле модернизирани повеќе од 200 км патишта.

Карактеристично за следниот период од 1958-1965 година, е тоа што работите заземаат сè посилен замав. Во 1966 година е донесена првата програма за изградба на патишта, а тоа значи дека веќе почнува да се работи плански и долгорочно. Главната заслуга за тоа ја имаат тогашното Министерство за сообраќај и Републичката дирекција за патишта. Во овој период е формирана и Дирекцијата за изградба на автопатот „Братство-единство“, кој поминува низ Македонија во должина од 162 км. Во април 1965 година е формиран Републичкиот фонд за патишта, а дотогаш во Македонија се изградени, реконструирани и модернизирани патишта во должина од 611 км.

Во 1966 година за првпат претпријатијата за патишта се интегрираат во едно претпријатие, Македонија Пат. Во истиот период е изработена и петгодишната програма за реконструкција на патната мрежа до 1970 година. Инвеститорските функции за реализирање на оваа програма до 1969 година биле под ингеренции на Македонија Пат, додека веќе во 1970 година, истите ги презема Републичкиот фонд за патишта. Според програмата со која се предвидувало да се реализираат 425,4 км до 1970 година биле изградени и реконструирани вкупно 372,4 км додека останатите 52 км биле реализирани во 1972 година.

Работата за обнова на патната мрежа не запира тука. Во периодот до 1975 година се работи интензивно, а доказ за тоа се новоизградените 11 патни правци во должина од 537 км Во овој период, за извршување на финансиската програма е формиран Совет за изградба, одржување и реконструкција на патиштата, во чии рамки била организирана и функционирала стручна служба.

Примарна задача на Советот во периодот што следува е изградбата на автопатот Братство-единство. Овој значаен проект е реализиран до 1980 година благодарение на распишаниот заем за патишта, како и на учеството на жителите од целата Република. Покрај овој крупен зафат изградени се 431 км патишта и рекордни 1.537 км локални патишта.

Реализацијата на проектите предвидени во среднорочната програма за периодот од 1981 до 1986 година, ги презема новоформираниот Републички СИЗ за патишта. Во овој период СИЗ-от ја презема целокупната координација на работите околу изградбата, реконструкцијата и модернизацијата на патиштата. Во ова среднорочие изградени се преку 630 км. патишта до селата, а на критичните места се поставени нови пунктови за одржување на патиштата.

Изминатиот период, дел од патните правци се изградени преку странски заеми, додека за периодот до 1988 година карактеристично е тоа што изградбата на патиштата се реализира преку сопствени средства. За првпат како приходи се користат собраните средства од патарина од наплатната станица на автопатот Куманово - Велес. Истовремено е завршена и изградбата на наплатните станици Куманово, Сопот и Отовица.

Иако со застарена технологија и минимални средства, сепак успешно се направени првите чекори во инвестирањето и изградбата на патната мрежа во Македонија. Генерално развојот на патната мрежа во повоениот период е успешно реализирана благодарение на големата упорност на СИЗ-от за патишта.

Со донесувањето на Закон за јавни патишта од 1996 година, до 2008 година функционира Фондот за магистрални и регионални патишта на Република Македонија.

Со донесување на Законот за јавни патишта од 11 јули 2008 година се основа Агенција за државни патишта како правен следбеник на Фондот за магистрални и регионални патишта на Република Македонија.

Со измените на Законот за јавни патишта од 27 декември 2012 година, основано е Јавното претпријатие за државни патишта коешто ги презема правата и обврските, вработените, имотот, средствата и архивата на Агенција за државни патишта.

Регионален пат дел од Националниот парк „Маврово“

Категоризација[уреди | уреди извор]

Категоризација до 1994 г.[уреди | уреди извор]

Категоризација 1994-2011[уреди | уреди извор]

Старата категоризација на патиштата ги вклучува магистралните и регионалните патишта.[2]

Ознака за магистрален пат била буквата „М“ и едноцифрен број од 1 до 7.

Ознака за регионален пат била буквата „Р“ и трицифрен број од кој првиот број мора да е од 1-7 т.е. регионалниот пат мора да произлегува од еден од 7 магистрални патишта.

Пример за регионален пат:

Категоризација од 2011 г.[уреди | уреди извор]

Според одлуката на Владата на РМ од 2011 г.[3] патиштата во државава се делат на:

  1. А патишта - автопат / експресен пат / магистрален пат (ознака АХ, каде Х е број од 1 до 4)
  2. Р патишта - регионален пат
    1. Р1 патишта - регионален пат од прва категорија (формат: Р1Х01-Р1Х31, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат).
    2. Р2 патишта - регионален пат од втора категорија (формат: Р2Х31-Р2Х70, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат).
    3. Р29 патишта - регионален пат кој не ги задоволува критериумите за регионален пат, но поврзува места од културно-историска вредност (Р29Х71-Р29Х99, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат)
  3. Л патишта - локален пат, кој ги поврзува селата со општинските центри или регионалните патишта (формат ЛББ01-ЛББ99, каде ББ е реден број на општината).

Список на патишта во Македонија[уреди | уреди извор]

Следи список на сите патишта во Македонија, групирани според нивните класи. Покрај нивната должина и број на делници (или излези кај автопатиштата), дадени се главните места низ кои минуваат патиштата, како и другите патишта со кои се поврзува секој од нив. За сите места низ кои минуваат поединечните патишта, погледајте ги соодветните статии каде се нудат подробни информации, бидејќи патиштата минуваат низ или крај повеќе места отколку што е наведено во главните одредници.

Автопатишта (класа А)[уреди | уреди извор]

Автопатишта (класа А)
Ознака Должина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
А1 173 87  Србија (Macedonia road sign 240.svg ГП „Табановце“) - Куманово - Миладиновци - Велес - Неготино - Демир Капија - Гевгелија -  Грција (Road-sign-p34.svg ГП „Богородица“) и делница Градско - Прилеп (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg)
А2 73 92  Бугарија (Bulgaria road sign В29.svg ГП „Деве Баир“) - Крива Паланка - Страцин - Романовце (Куманово) - Миладиновци - Скопска обиколница - Тетово - Гостивар - Кичево - Требеништа - Струга -  Албанија (Italian traffic signs - dogana.svg ГП „Ќафасан“)
А3 ? 59 Крстосница Требеништа (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - крстосница Подмоље - Охрид - Косел - Ресен - Битола - Прилеп - Велес - Штип - Кочани - Делчево -  Бугарија (Bulgaria road sign В29.svg ГП „Рамна Нива“) и делница Битола (крстосница Кукуречани -  Грција (Road-sign-p34.svg ГП „Меџитлија“)
А4 ? 44  Косово (Italian traffic signs - dogana.svg ГП „Блаце“) - крстосница Стенковец - Скопска обиколница - Петровец - Миладиновци - Свети Николе - Штип - Радовиш - Струмица -  Бугарија (Bulgaria road sign В29.svg ГП „Ново Село“)

Регионални (класа Р1)[уреди | уреди извор]

Регионални патишта од класата Р1
Ознака Должина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р1101 65,5 13 Прилеп (врска со Motorway-A1-Hex-Green.svg, Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Битола - Макази - Царев Двор (врска со Regional road Macedonia R-1307.svg)
Р1102 75,9 25 Скопје (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg - Скопска обиколница) - Катланово - Велес - Неготино - Демир Капија - Гевгелија - (врска со Motorway-A1-Hex-Green.svg)
Р1103 51,9 7 Лакавица (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg) - Неготино (врска со Motorway-A1-Hex-Green.svg) - Кавадарци - Дреново (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg)
Р1104 35,7 5 Скопје (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg - Скопска обиколница) - Арачиново - Куманово (врска со Motorway-A1-Hex-Green.svg) -  Србија (Macedonia road sign 240.svg ГП „Сопот“)
Р1105 50,7 9 Врска со Motorway-A1-Hex-Green.svg - Миравци - Давидово - Удово (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg) - Валандово - Раброво - Нов Дојран -  Грција (Road-sign-p34.svg ГП „Сретеново“) и делница Стар Дојран -  Грција (Road-sign-p34.svg ГП „Николиќ“)
Р1106 106,7 8 Врска со Regional road Macedonia R-1102.svg - Драчево - Варвара - Нова Брезница - Кула - Коломот - Мост кај Близанско - Калуѓерец - Суводол (врска со Regional road Macedonia R-1303.svg)
Р1107 127,6 10 Градско (врска со Motorway-A1-Hex-Green.svg) - Росоман - Кавадарци - Мушов Гроб - Витолиште - Ново Лагово (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg)
Р1108 43,8 1 Гевгелија (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg) - Моин - Конско - Смрдлива Вода - СЦ „Кожуф“
Р1109 18,5 2 Гевгелија (врска со Motorway-A1-Hex-Green.svg) - Богданци - Фурка (врска со Regional road Macedonia R-1105.svg)
Р1201 52,4 7 Струга (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Дебар (врска со Regional road Macedonia R-1202.svg) и делница Џепиште -  Албанија (Italian traffic signs - dogana.svg ГП „Џепиште“)
Р1202 61,7 10 Врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg - Маврови Анови - Дебар -  Албанија (Italian traffic signs - dogana.svg ГП „Блато“) и делница за Бигорскиот манастир
Р1203 27,7 4 Тетово (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Вратница -  Косово (Italian traffic signs - dogana.svg ГП „Јажинце“)
Р1204 99,1 11 Куманово (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Свети Николе - ЖС „Овче Поле“ (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Кадрифаково - Штип - Софилари (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg)
Р1205 54,4 7 Врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg - Кратово - Пробиштип - Крупиште (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg)
Р1206 61,5 11 Клучка Матка (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Групчин - Тетово - Боговиње - Врапчиште - Гостивар (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg)
Р1207 19,3 3 Младо Нагоричане (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) -  Србија (Macedonia road sign 240.svg ГП „Пелинце“)
Р1208 24,0 1 Охрид (врска со Regional road Macedonia R-1301.svg) - Подмоље (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Струга - Радожда
Р1209 18,3 2 Тетово (врска со Regional road Macedonia R-1206.svg) - Попова Шапка
Р1210 19,6 2 Врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg - Тораница - Македонска Каменица (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg)
Р1301 32,7 4 Охрид (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Свети Наум -  Албанија (Italian traffic signs - dogana.svg ГП „Свети Наум“)
Р1302 84,0 6 Делчево (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Пехчево - Берово - Дабиље (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg)
Р1303 66,0 9 Прилеп (врска со Regional road Macedonia R-1101.svg) - Македонски Брод - Кичево (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg)
Р1304 43,6 6 Превалец (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Виница - Митрашинци - Смојмирово (врска со Regional road Macedonia R-1302.svg)
Р1305 67,7 7 Кукуречани (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Демир Хисар - Другово (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg)
Р1306 51,1 4 Прилеп (врска со Regional road Macedonia R-1303.svg) - Кривогаштани - Крушево - Сладуево (врска со Regional road Macedonia R-1305.svg)
Р1307 34,6 5 Ресен (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Царев Двор - Отешево -  Албанија (Italian traffic signs - dogana.svg ГП „Стење“) и делница Стење - Коњско
Р1308 25,9 6 Макази (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) Претор -  Грција (Road-sign-p34.svg ГП „Маркова Нога“)
Р1309 42,8 5 Зрновци (спој со Regional road Macedonia R-2334.svg) - Кочани (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Пониква - Злетово - Лесново - Пробиштип (врска со Regional road Macedonia R-1205.svg)
Р1310 66,3 3 Радовиш (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg) - Подареш - Владимирово - Берово (врска со Regional road Macedonia R-1302.svg) -  Бугарија (Bulgaria road sign В29.svg ГП „Клепало“)
Р1311 50,1 5 Битола (врска со Regional road Macedonia R-1101.svg) - Новаци - Маково - Чаниште - Расимбегов мост (врска со Regional road Macedonia R-1107.svg) и делница Рапеш - Старавина (врска со Regional road Macedonia R-2338.svg)
Р1312 71,2 5 Врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg (Каратманово) - Велес - Извор - Прилеп (врска со Regional road Macedonia R-1303.svg)
Р1401 25,7 5 Струмица (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg) - Раброво - Валандово - Балинци - Марвинци (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg)
Р1402 32,3 2 Куклиш (врска со Regional road Macedonia R-1401.svg) - Банско - Ново Коњарево (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg)
Р1403 27,4 1 Врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg - Радовиш - Владиевци - Василево - Струмица (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg)

Регионални (класа Р2)[уреди | уреди извор]

Регионални патишта од класата Р2
Ознака Должина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р2131 14,9 3 Драчево (врска со Regional road Macedonia R-1106.svg) - Орешани - Таор - Катланово (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg)
Р2132 21,4 1 Мост кај Близанско (врска со Regional road Macedonia R-1106.svg) - Растеш - Калуѓерец (врска со Regional road Macedonia R-1106.svg)
Р2133 20,9 2 Куманово (врска со Regional road Macedonia R-1104.svg) - Липково - Матејче - Никуштак - врска со Regional road Macedonia R-1104.svg
Р2134 17,3 1 Драчево (врска со Regional road Macedonia R-1106.svg) - Кисела Вода (Усје) - Сопиште - Говрлево (врска со Regional road Macedonia R-1106.svg)
Р2135 27,3 2 Горно Коњари (врска со Regional road Macedonia R-2136.svg) - Малино - Преод - Горобинци - Свети Николе (врска со Regional road Macedonia R-1204.svg)
Р2136 12,0 2 ’Ржаничино (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg) - Средно Коњари - Горно Коњари - Винце - Пчиња - Орашац (врска со Regional road Macedonia R-1204.svg)
Р2137 18,5 1 Врска со Regional road Macedonia R-1102.svg - Војшанци - Корешница - Демир Капија (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg)
Р2138 10,3 1 Врска Regional road Macedonia R-2134.svg - Сончев Град - Водно - Горно Нерези
Р2231 36,2 2 Гостивар (врска со Regional road Macedonia R-2233.svg) - Србиново - Туин - Осломеј - врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg
Р2232 25,6 1 Бучиште (врска со Regional road Macedonia R-1205.svg) - Злетово - ХЕЦ „Злетовица“ (Кнежевско Ез.)
Р2233 29,4 2 Гостивар (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Чегране - клучка Тетово - запад (врска со Брвеница)
Р2234 33,1 3 Клучка Сарај (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Радуша - Јегуновце - Теарце (врска со Regional road Macedonia R-1203.svg)
Р2235 24,7 2 Маврови Анови (врска со Regional road Macedonia R-1202.svg) - Маврово - Леуново - Бунец (врска со Regional road Macedonia R-1202.svg)
Р2236 28,6 1 Свети Николе (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg) - Мечкуевци - Пуздерци - Неокази (врска со Regional road Macedonia R-1205.svg)
Р2237 8,0 1 Куманово (врска со Regional road Macedonia R-1204.svg) - Младо Нагоричане (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg)
Р2238 16,3 2 Маврово (врска со Regional road Macedonia R-2235.svg) - Галичник - Селце - Тресонче - Лазарополе - врска со Regional road Macedonia R-2246.svg)
Р2239 41,2 2 Стенковец (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg/Motorway-A4-Hex-Green.svg) - Бродец - Танушевци (гр. со  Косово)
Р2240 15,5 2 Врска со Regional road Macedonia R-1201.svg - Вевчани - Октиси - врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg
Р2241 13,4 2 Врска со Regional road Macedonia R-1201.svg (Глобочица) - Јабланица - граница со  Албанија (Italian traffic signs - dogana.svg ГП „Лакаица“)
Р2242 13,3 2 Желино (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Јегуновце (врска со Regional road Macedonia R-2234.svg)
Р2243 46,0 4 Струга (врска со Regional road Macedonia R-1201.svg) - Дрслајца - Долно Татеши - Мислодежда - Локов - Буринец - врска со Regional road Macedonia R-1201.svg
Р2244 16,7 1 Врска со Regional road Macedonia R-1207.svg - Жегљане - Рамно - гр. со  Србија
Р2245 29,2 1 Крива Паланка (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Осиче - Огут - гр. со  Србија
Р2246 34,7 5 Бошков Мост (врска со Regional road Macedonia R-1202.svg) - Извор (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) и делница за Гари
Р2247 23,7 2 Павлешенци (врска со Regional road Macedonia R-1204.svg) - Татомир - Секулица - врска со Regional road Macedonia R-1205.svg
Р2248 20,8 1 Ранковце (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Герман - Нерав
Р2249 21,1 1 Мелнички мост (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg) - Папрадник - Брештани - Селци (врска со Regional road Macedonia R-2243.svg)
Р2250 16,2 1 Крива Паланка (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Добровница - Голема Црцорија - Луке - граница со  Србија
Р2331 17,9 2 Битола (врска со Regional road Macedonia R-1101.svg) - Нижеполе - Пелистер - Брајчино - Љубојно (врска со Regional road Macedonia R-1308.svg)
Р2332 27,7 1 Врска со Regional road Macedonia R-1307.svg (Царина) - Трпејца (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg и Regional road Macedonia R-1301.svg)
Р2333 15,3 2 Битола (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Бистрица - Драгош
Р2334 63,9 5 Штип (врска со Regional road Macedonia R-1204.svg) - Карбинци - Аргулица - Теранци - Зрновци - Виница (врска со Regional road Macedonia R-1304.svg) - Јакимово - Калиманци - врска со Regional road Macedonia R-2345.svg
Р2335 46,1 4 Вашарејца (врска со Regional road Macedonia R-1101.svg) - Бучин - Обршани - Кривогаштани - Ропотово (врска со Regional road Macedonia R-1303.svg)
Р2336 52,3 5 Стари Град (врска со Regional road Macedonia R-1312.svg) - Богомила - Ропотово (врска со Regional road Macedonia R-1303.svg)
Р2337 35,1 1 Крушево (врска со Regional road Macedonia R-1306.svg) - Пуста Река - Прострање (врска со Regional road Macedonia R-1305.svg)
Р2338 50,6 4 Меџитлија (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Гермијан - Старавина - Градешница - Бешиште - врска со Regional road Macedonia R-1107.svg
Р2339 26,4 2 Ново Лагово (врска со Regional road Macedonia R-1101.svg) - Галичани - Обршани - Бучин - Граиште - врска со Regional road Macedonia R-1305.svg
Р2340 31,0 4 Врска со Regional road Macedonia R-1101.svg - Добрушево - Новаци - Бач - врска со Regional road Macedonia R-2238.svg
Р2341 3,4 1 Делчево (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Габрово - гр. со  Бугарија
Р2342 13,0 1 Тркање (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Соколарци - Пишица (врска со Regional road Macedonia R-1205.svg)
Р2343 10,7 1 Делчево (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Голак
Р2344 23,7 1 Врска со Regional road Macedonia R-1312.svg - Чашка - Лисиче - Дреново
Р2345 18,5 2 Врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg - Бигла - Трсино - врска со Regional road Macedonia R-1304.svg
Р2346 18,5 2 Тработивиште (врска со Regional road Macedonia R-1302.svg) - Разловци - Митрашинци (врска со Regional road Macedonia R-1304.svg)
Р2347 21,0 4 Кажани (врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg) - Лера - Стрежево - Црновец - Лопатица (врска со Regional road Macedonia R-1305.svg)
Р2431 42,4 4 Радовиш (врска со Regional road Macedonia R-1310.svg) - Плачковица - Аргулица (врска со Regional road Macedonia R-2334.svg)
Р2432 15,6 3 Струмица (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg) - Вељуса - Василево (врска со Regional road Macedonia R-1403.svg)
Р2433 60,8 5 Радовиш (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg) - Конче - Загорци - Лесковица (врска со Regional road Macedonia R-1103.svg) - Селце - Софилари (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg)
Р2434 29,9 3 Врска со Regional road Macedonia R-1401.svg - Рич - врска со Regional road Macedonia R-2433.svg

Регионални (класа Р29)[уреди | уреди извор]

Регионални патишта од класата Р29
Ознака Должина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р29171 40,3 6 Демир Капија (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg) - Крњево - Конопиште - Мушов Гроб (спој со Regional road Macedonia R-1107.svg)
Р29172 13,2 1 Беловодица (врска со Motorway-A1-Hex-Green.svg) - Дуње (врска со Regional road Macedonia R-1107.svg)
Р29173 20,1 1 Неготино (врска со Regional road Macedonia R-1103.svg) - Долни Дисан - Бесвица (врска со Regional road Macedonia R-29171.svg)
Р29174 16,2 1 Крњево (спој со Regional road Macedonia R-29171.svg) - Радња - СЦ „Кожуф“ (спој со Regional road Macedonia R-1108.svg)
Р29175 11,6 1 Могила (врска со Regional road Macedonia R-1101.svg) - Будаково - врска со Regional road Macedonia R-2340.svg
Р29176 2,0 1 Катланово (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg) - Катлановска Бања
Р29177 4,9 1 Миравци (врска со Regional road Macedonia R-1105.svg) - Милетково (врска со Regional road Macedonia R-1102.svg)
Р29178 20,3 1 Давидово (врска со Regional road Macedonia R-1105.svg) - Демир Капија (врска со Regional road Macedonia R-29171.svg)
Р29271 30,7 1 Мождивњак (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Каврак - Мушково - Кратово (врска со Regional road Macedonia R-1205.svg)
Р29272 16,2 1 Опае (врска со Regional road Macedonia R-2133.svg) - Слупчане - Белановце - Злокуќане - гр. со  Косово
Р29273 25,0 2 Ботун (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Белчишта - Брежани - Железнец - врска со Regional road Macedonia R-1305.svg
Р29274 5,6 1 Шемшево (врска со Regional road Macedonia R-2242.svg) - Жилче - Лешок (врска со Regional road Macedonia R-1203.svg)
Р29275 14,2 1 Врска со Regional road Macedonia R-1209.svg - Шипковица - гр. со  Косово
Р29277 26,0 1 Врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg - Клечевце - Бељаковце - Шопско Рударе - Секулица (врска со Regional road Macedonia R-2247.svg)
Р29278 4,0 1 Врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg - Неготино (Полошко)
Р29279 4,4 1 Здуње (врска со Motorway-A2-Hex-Green.svg) - Вруток
Р29280 4,0 1 Врска со Regional road Macedonia R-2246.svg - Могорче
Р29281 5,7 1 Врска со Regional road Macedonia R-2248.svg - Опила - врска со Regional road Macedonia R-1205.svg
Р29371 15,0 1 Врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg - Кривени - Слоештица - врска со Regional road Macedonia R-1305.svg
Р29372 8,5 1 Врска со Motorway-A3-Hex-Green.svg - Ротино - Детско одмаралиште - Бегова Чешма (Пелистер)
Р29374 7,9 1 Варош (врска со Regional road Macedonia R-1303.svg) - Манастир „Св Богородица“ (Трескавец)
Р29375 7,3 1 Костинци (врска со Regional road Macedonia R-2336.svg) - Манастир „Св Преображение“ (Зрзе)
Р29376 7,2 1 Врска со Regional road Macedonia R-1308.svg - Манастир „Св. Ѓорѓија“ (Курбиново) - Манастир „Св. Богородица“ - врска со Regional road Macedonia R-1308.svg
Р29471 11,2 1 Подареш (врска со Regional road Macedonia R-1310.svg) - Јаргулица - Покрајчево - Злеово - Радичево (врска со Motorway-A4-Hex-Green.svg)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]