Регионален пат 2334

Од Википедија — слободната енциклопедија

Регионален пат 2334 shield

Регионален пат 2334
Карта
Протегање на регионалниот пат
Информации за правецот
Должина:63,9 км
Поважни клучки
Од:Штип
До:Бигла
Местоположба
Општини:Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница, Делчево
Патна мрежа
Патишта во Македонија

Регионален пат 2334 (ознака: Р2334) — регионален пат во Македонија, со насока на движење запад-исток. Има вкупна должина од 63,9 километри и 5 делници. Патот започнува во градот Штип и се движи на исток низ многу села долж течението на Брегалница до градот Виница, каде врти кон север, поминувајќи низ селата Јакимово и бројните маала на Калиманци завршува во селото Бигла.[1]

Делници[уреди | уреди извор]

Регионалниот пат 2334 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 5 различни делници.

Протегање на регионалниот пат
Делница Почеток Крај Потег (км)
врска со 0,0
1577 Штип (Софилари) Аргулица 0,0 - 13,7
1578 Аргулица Видовиште 13,7 - 28,2
1579 Видовиште Зрновци 28,2 - 32,3
1580 Зрновци Виница (Градец) 32,3 - 39,2
врска со 39,2
1581 Виница (Јакимово) Бигла 0,0 - 24,7
врска со 24,7

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]